Претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за емисијата „Трилинг“, која се емитува на ТВ24, главно се осврна на две поголеми теми, односно кризата којашто ја предизвикува пандемијата на Ковид-19 и македонско – бугарските односи по ветото на официјална Софија за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Претседателот Пендаровски во интервјуто одговараше и на прашањата дали постојат и колкави се шансите за постигнување национален консензус за прашања од витална важност за државата.