Претседателот Стево Пендаровски, во рамките на своите активности за посета на населени места во земјава, денеска ја посети општина Кавадарци.
Претседателот оствари средба со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој го информираше претседателот за тековните проекти на кои работи општината, локалниот економски развој, како и други актуелни прашања кои ги засегаат жителите на Кавадарци и околниот регион.