Претседателот Пендаровски присуствуваше на отворен час по изборниот предмет „Јазик и култура на Ромите“

7 ноември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на отворениот час по изборниот предмет „Јазик и култура на Ромите“ во ОУ „Браќа Рамиз Хамид“ во  Шуто Оризари по повод 5 ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик.

Учениците и предметните наставници во рамки на отворениот час рецитираа поезија на ромски јазик, преку презентација ја прикажаа историјата на ромскиот јазик, а одиграа и кратка претстава.

Честитајќи го Светскиот ден на ромскиот јазик, претседателот Пендаровски ја поздрави заложбата на наставниците и сите чинители од ромската заедница, децата да следат настава на својот мајчин јазик од прво до деветто одделение по сите предмети. Тоа, како што потенцираше претседателот Пендаровски, потребно е да го овозможат државните институции што поскоро.

На отворениот час присуствуваа 20 ученици од седмо, осмо и деветто одделение, наставници кои предаваат предмети од јазичното подрачје и раководен кадар од ова основно училиште.

Во Република Северна Македонија ромската заедница која нема настава на својот мајчин јазик, до воведувањето на концептот за деветгодишно основно образование, мајчиниот јазик го изучуваше како факултативен предмет од прво до осмо одделение. Од 2008 година наваму, својот мајчин јазик Ромите го изучуваат преку изборниот предметот „Јазик и култура на Ромите“, од трето до деветто одделение.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...