На воена свеченост во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, денеска беа промовирани новите офицери на Армијата, од 23-та класа, во чин потпоручник.
Од 23-тата класа беа промовирани вкупно 33 питомци, од кои 27 питомци од Република Северна Македонија, а пет од Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Во име на претседателот на Републиката и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, на прворанигараниот питомец Никола Антески му беше врачена пригодна награда од страна на полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот.