Претседателот Стево Пендаровски денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Романија, Виорел Станила.
Двајцата соговорници разменија мислења за севкупните политички случувања во земјава, како и за актуелните политички и економски предизвици со кои се соочува регионот на југоисточна Европа во време на глобална пандемија.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу двете земји и заложбата за интензивирање на меѓусебната соработка во сите сфери во кои постои потенцијал и заеднички интерес.
Претседателот Пендаровски се заблагодари на амбасадорот Станила за неговите досегашни дипломатски активности и ангажмани во земјава и му посака успех во натамошната работа.