Претседателот Стево Пендаровски, на маргините на Минхенската безбедносна конференција оствари средба со Бруно Кал, директор на германската разузнавачка агенција БНД.
Соговорниците разменија мислења и информации за актуелните политичко-безбедносни состојби и предизвици во регионот и Европа, како и за случувањата во поширокиот регион.
Претседателот Пендаровски нагласи дека комуникацијата и соработката помеѓу безбедносните агенции се важни, особено меѓу членките на НАТО Алијансата, во рамки на која се водат разговори и консултации за справување со заедничките безбедносни предизвици.