Средба на Сиљановска-Давкова со учесници вклучени во програмата „Конекција Оксфорд“

26 мај 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците вклучени во програмата „Конекција Оксфорд“, Џеј Јакуб, извршен директор на Фондацијата за економија на заемноста, Мајкл Рамзден, предавач, како и креаторите на програмата, Костаке Милков, претседател на Балканскиот институт за вера и култура и г-а Нада Милкова, директорка на издавачката куќа „Метаноја“.

Заблагодарувајќи им се за посетата, претседателката истакна дека академската и културна програмата „Конекција Оксфорд“ на македонските студенти не само што им овозможува пристап до најновите истражувачки проекти, туку и можност лично да се запознаат со истражувачите. За неа, програмата е мост меѓу македонските високообразовни институции и Оксфорд, како еден од најдобро рангирани универзитети во светот.

Гостите ја запознаа д-р Сиљановска-Давкова со истражувањето врзано за основните цели на бизнисот, истакнувајќи дека основната цел на бизнисот не е да создава профит, туку да изнаоѓа профитабилни решенија за проблемите на луѓето и планетата, наместо да профитира од создавањето проблеми за луѓето и планетата. Во тој контекст, тие ја образложија новата метрика на профит за сите актери во работниот процес, без негативни последици врз вработените и заштита на животната средина.

Соговорниците укажаа на потребата од особена посветеност на младите, како субјекти кои можат да внесат позитивни општествени промени.

Програмата „Конекција Оксфорд“ ја иницираше Балканскиот институт за вера и култура во 2011 година. Во рамки на истата, повеќе од 100 професори, предавачи и докторанди од Оксфорд имаа можност во земјава да ги презентираат своите истражувања во областа на: физиката, хемијата, медицината, вештачката интелигенција, филозофијата, етиката, книжевноста, бизнисот и историја.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев. Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно...

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена...

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Раби Торбеј, извршен директор на Проект ХОУП (Project HOPE) и Сиен Авалос, претседателка на Фондацијата БД (Becton, Dickinson and Company Foundation). За Сиљановска –...

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на одбележувањето на 17 Октомври – Денот на Командата за операции, во касарната „Боро Менков“ во Куманово. Таа ја истакна клучната улога на Командата во одбраната...

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ја придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. [gallery...