Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

27 март 2024 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ).

За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија, говореа за активностите и областите во коишто ги насочуваат нивните капацитети, во рамки на програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти, што Младински образовен форум ја организира во партнерство со Центарот за наука и иновации за развој од Албанија и Младинската иницијатива за човекови права од Србија. Соговорниците го информираа претседателот и за начинот на реализирање на програмата којашто се одвива во трите држави и опфаќа 5 различни теми: регионална соработка, младинско учество, одлив на мозоци и образование, младинска невработеност и младинска акција кон двојната транзиција: дигитална и зелена.

Во контекст на потребата од креирање одржливи младински политики, претседателот го нагласи придонесот на младите, со своето критичко размислување, како еден од клучните предуслови за демократизација и позитивни процеси во секое општество.

За време на престојот во Кабинетот, посетителите имаа можност да се запознаат со начинот на функционирање на институцијата, претседателските активности и уставни надлежности.

Претходно, посетителите ги разгледаа просториите во коишто се одвиваат работните и официјалните средби на претседателот, прес-конференции, настани и свечености, како и импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија – земјата памети“ дело на еден од најзначајните современи македонски уметници Глигор Чемерски.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...