Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Кристоф Ле Риголер

29 август 2024 | Соопштенија

 

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Кристоф Ле Риголер.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, што се одржа во Вила Билјана во Охрид, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека во тридецениската историја на дипломатски односи, со заеднички напори, двете држави изградија динамични политички односи и солидно ниво на меѓусебна соработка во повеќе области, а како резултат на тие заеднички напори, нашата земја, денес, во Француската Република несомнено гледа голем пријател и искрен сојузник во процесот на нашите европски интеграции.  Во таа насока, Претседателката изрази благодарност за француската континуирана поддршка којашто е особено зајакната во изминатите години, а која што ќе продолжи да претставува значаен поттик за наша силна посветеност во спроведувањето на реформите во земјата.

„Нашата земја заслужува да ги отпочне преговорите за пристапување во ЕУ без натамошно одложување. Подготвени сме да го преземеме својот дел од задачата за иднината на Европа, ширејќи ја нашата визија за отворен пристап кон европските партнери, заснован на определбата за пријателство, широка соработка, меѓусебно почитување и искрен пристап во односите. Тука, немаме сомнежи дека нашите француски пријатели безрезервно ќе ѝ помогнат на нашата држава да стане дел од европското семејство, чин што ќе отвори ново поглавје во нашата историја, ќе донесе нова енергија кај македонските институции и граѓани, ќе подигне нов бран на посветено себевложување за европската идеја“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи нашата подготвеност за унапредување на билатералните односи и меѓусебната соработка во сите области од заемен интерес, особено  за интензивирање на економските односи меѓу двете земји.

Амбасадорот Ле Риголер, во своето обраќање на церемонијата, истакна дека неговата мисија во нашата држава е со двојно значење, да обезбеди континуитет во поддршката на Франција за нашиот европски пат и реформскиот процес, како и за унапредување на човечките и културните односи кои ги обединуваат двата народа. Во насока на продлабочување на билатералните односи, амбасадорот Ле Риголер истакна дека се значајни интензивирањето на политичките размени и спроведувањето на конкретни и структурни економски проекти кои се корисни за целокупното македонско население.

Нагласувајќи дека Франција безусловно го поддржува политичкиот процес за европска интеграција на земјите од Западниот Балкан, а особено на нашата земја, амбасадорот Ле Риголер рече дека овој европски пат е заедничка обврска, колективна неопходност и заедничка судбина.

„Нашата поддршка не е само политичка. Таа поддршка е и практична, која сè повеќе се зајакнува, за да се помогне во реформскиот процес кој е во тек. Спремни сме да го споделиме нашето искуство и нашата експертиза насекаде како тоа би ви било корисно“, истакна амбасадорот Ле Риголер.

Претседателката Сиљановска Давкова на амбасадорот Кристоф Ле Риголер му посака успех во извршувањето на одговорната функција.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен, претседателка на Европската Комисија

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен, претседателка на Европската Комисија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен, која е во посета на земјава. Најпрво, Гордана Сиљановска-Давкова изрази благодарност за растечкиот интерес и посветеност на Европската унија...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Националниот молитвен појадок

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Националниот молитвен појадок

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со претставници на Националниот молитвен појадок, којшто е посветен на разбирањето, простувањето, помирувањето и заедништвото преку заедничка молитва. За првпат, во 1953 година, претседателот Ајзенхауер...

Сиљановска-Давкова до бруцошите: Вреди да се студира, предава и живее на УКИМ, како заеднички дом на професорите и на студентите

Сиљановска-Давкова до бруцошите: Вреди да се студира, предава и живее на УКИМ, како заеднички дом на професорите и на студентите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на свеченоста по повод почетокот на новата академска 2026/2027 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. [gallery...

Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот

Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот

Во Вила Водно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со студенти од Колеџот на Европа во Тирана, кои престојуваат во земјава, во рамките на студиска посета посветена на влијанието на европската интеграција врз трансформацијата на земјите од Западен...

Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија

Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на 22. Европски самит во Салцбург, денеска се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“. Таа говореше за иднината на европскиот проект, стратешките предизвици со коишто се соочува...