Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Индија, Арун Кумар Саху

24 април 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Индија со седиште во Софија, Арун Кумар Саху.

На церемонијата амбасадорот истакна дека негова цел е билатералните односи да достигнат повисоко ниво, со посебен фокус на засилен политички ангажман, поцврсти трговски и инвестициски врски и развој на културната соработка.

Сиљановска-Давкова рече дека значајна димензија претставува економската соработка, бидејќи Индија нуди огромни можности за партнерство во информатичката технологија, обновливите извори на енергија, фармацевтската индустрија и во инфраструктурниот развој. Таа нагласи дека ние можеме да понудиме стратешка локација на Балканот, квалификувана работна сила и поволна деловна клима за индиските инвеститори и компании. Посебно внимание, според неа, заслужува соработката во областа на образованието и културата, додавајќи дека не поврзуваат и богатите културни традиции, заедничката посветеност на мирот, демократијата и владеењето на правото.

Обајцата се согласија дека двете земји ги спојува една посебна врска – светицата Мајка Тереза, родена во Скопје, а која својот живот го посветила на несебично помагање на најранливите во Индија. Оваа необична и исклучителна жена станува духовен мост на поврзување на двата народи, симбол на хуманоста и добрината, вредности коишто се почитуваат и негуваат во македонското и во индиското општество.

Посакувајќи му успешен амбасадорски мандат таа изрази очекување за реализирање на договорената официјална посета на претседателката на Индија, Друпади Мурму, на што амбасадорот рече дека тоа прашање е високо на неговата агенда.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST). Предмет на...

Сиљановска-Давкова од Брисел: Дијалогот со ЕУ мора да биде суштински и рамноправен

Сиљановска-Давкова од Брисел: Дијалогот со ЕУ мора да биде суштински и рамноправен

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Брисел учествуваше на Самитот за проширувањето на Европската Унија, во организација на „Јуроњуз“(Euronews). Сиљановска-Давкова потсети на мислењето на Бадинтеровата комисија од...

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на настанот „Национален дијалог во пресрет на СОР31“, организиран од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за енергетика, рударство и минерални...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беа потврдени пријателските македонско-словачки односи. [gallery...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од Н.Е. г-а Маја Сивањанам, вонредна и ополномоштена амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Сиљановска-Давкова...