Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан, Руслан Казакбаев

26 март 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Киргистанската Република, со седиште во Анкара, Руслан Казакбаев.

На церемонијата на предавање на акредитивите, амбасадорот Казакбаев изрази сочувство по повод трагедијата во Кочани. Тој истакна дека ќе вложи максимални напори за зајакнување и развивање на пријателските односи меѓу двете земји.

Претседателката Сиљановска-Давкова се заблагодари за упатеното писмо со сочувство од страна на киргистанскиот претседател, Садир Жапаров.

Таа укажа дека меѓу двете земји постои неискористен потенцијал и простор за дополнително продлабочување на соработката на политички, економски и културен план, како и во рамки на меѓународните организации. Во таа насока, изрази уверување дека именувањето на амбасадорот Казакбаев ќе го означи почетокот на ново поглавје во развојот на билатералните односи и соработка.

Соговорниците ја нагласија потребата од интензивирање на политичкиот дијалог и склучување на договори коишто ја дефинираат правната рамка на економско-трговската соработка. Со цел воспоставување на конкретна соработка во областите од заемен интерес, претседателката го охрабри усвојувањето на веќе покренатите иницијативи.

На новоименуваниот амбасадор таа му посака успешен мандат и изрази целосна поддршка во вршењето на неговата дипломатска должност. Тој на претседателката ѝ упати покана од претседателот Садир Жапаров за посета на Киргистанската Република.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во вилата „Билјана“ во Охрид оствари средба со добитниците на признанието „Инженерски прстен“. На средбата присуствуваа и министерот за дигитална трансформација м-р Стефан Андоновски, претседателот на Инженерската...

Сиљановска-Давкова ги додели признанијата „Инженерски прстен“ на најуспешните млади инженери

Сиљановска-Давкова ги додели признанијата „Инженерски прстен“ на најуспешните млади инженери

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, денеска им го врачи признанието „Инженерски прстен“ за 2026 година на 14 најдобри дипломирани инженери, на церемонија пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, во Охрид. [gallery...

Сиљановска-Давкова: Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството

Сиљановска-Давкова: Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид се обрати на отворањето на 30. Републички пензионерски спортски натпревари 2026, посветени на 80-годишнината од пензионерското организирање во Македонија и на 20 Септември - Денот на пензионерите на...

Проштална средба на Сиљановска-Давкова со турскиот амбасадор, Улусој

Проштална средба на Сиљановска-Давкова со турскиот амбасадор, Улусој

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид оствари проштална средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој, на кој му се заблагодари за личниот придонес во унапредувањето на македонско-турските односи. ...

Сиљановска-Давкова: Училиштето нека биде место каде што ќе стекнувате знаење, негувате почит, развивате другарство

Сиљановска-Давкова: Училиштето нека биде место каде што ќе стекнувате знаење, негувате почит, развивате другарство

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид присуствуваше на свечениот прием на првачињата во ООУ „Св. Климент Охридски“, на кои им посака плоден и немирен ученички живот, воден од љубопитност, жед за учење и трагање по нови сознанија, здрав натпревар...