Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

27 октомври 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Албулена Хаџиу, претседателка на Собранието на Република Косово, која престојува во официјална посета на државава.

Таа искажа задоволство од развојот на македонско-косовските односи, коишто се одликуваат со редовен политички дијалог, заеднички стратешки цели и усогласени ставови за меѓународните прашања.

Сиљановска-Давкова укажа дека добрососедството, јакнењето на регионалната соработка и иницијативите како процесот Брдо-Бриони, придонесуваат за поголема почит, разбраност и препознатливост на Западниот Балкан како кредибилен партнер на ЕУ.

Претседателката ја реафирмираше поддршката за евроатлантските аспирации на Косово. Таа уште еднаш порача дека во пристапниот процес кон ЕУ, државите треба да бидат праведно евалуирани, врз основа на Копенхашките критериуми.

Како поранешна пратеничка, за Сиљановска-Давкова улогата на парламентите и парламентарната соработка се клучни за продлабочување на демократските процеси. Таа ја охрабри позитивната динамика, на редовни средби на парламентарците и размена на добрите практики, особено во функција на евроинтеграциските процеси.

Хаџиу се заблагодари за македонското пријателство и солидарност потврдени низ годините. За неа, албанската заедница во земјава има важна улога во добрите меѓусебни односи. Таа истакна дека високо го цени македонскиот придонес за мирот и стабилноста на Косово, преку КФОР и НАТО, како и поддршката за нивното членство во евроатлантските структури.

Обете го поздравија напредокот во развојот на економската соработка и трговската размена, за што е неопходно натамошно унапредување на инфраструктурното поврзување меѓу двете земји и олеснување на царинските процедури.

Соговорничките разменија мислења и за актуелните политички состојби, согласувајќи се дека помирувањето и силниот регионален настап, придонесуваат за европската перспектива на Западниот Балкан и подобра меѓународна позиционираност.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со алумни на Универзитетот Харвард

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со алумни на Универзитетот Харвард

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими група алумни на Универзитетот Харвард кои престојуваат во земјава во рамките на студиското патување низ земјите од Балканот. Во разговорот, гостите ја запознаа претседателката со досегашните посети во регионот и со...

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

По повод 35-годишнината од донесувањето на Уставот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова имаше средба со претставници на Македонското здружение на млади правници, придружени од други правници, одбрани на конкурс. Сиљановска-Давкова, која беше надворешна членка...

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година во Будимпешта. ...

Сиљановска-Давкова во Будимпешта на средба со унгарскиот претседател, Бака

Сиљановска-Давкова во Будимпешта на средба со унгарскиот претседател, Бака

По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Будимпешта присуствуваше на работниот ручек, којшто за шефовите на делегациите го приреди претседателот на Унгарија, Андраш Бака. [gallery...

Сиљановска-Давкова во Будимпешта се сретна со претставници на македонската дијаспора

Сиљановска-Давкова во Будимпешта се сретна со претставници на македонската дијаспора

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во Будимпешта по повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956, утрово се сретна со претставници на македонската дијаспора. ...