Средба на претседателот Пендаровски со претставници на здружението Асоцијација за Цистична Фиброза

15 јуни 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на здружението Асоцијација за Цистична Фиброза.

На средбата претставниците на здружението потенцираа дека бараат да им биде обезбедена модуларна терапија којашто во дел од соседните земји веќе е достапна за болните од Цистична Фиброза. Исто така, од здружението укажаа на потребата дијагнозата Цистична Фиброза да се врати во регистарот на ретки болести. Со тоа, како што истакнаа ќе се олесни пристапот на болните до соодветните лекови.

Во разговор со претседателот Пендаровски претставниците на здружението ги споделија и останатите предизвици и проблеми со коишто се соочуваат.

Притоа ја посочија потребата од континуиран и непрекинат пристап до стандардната терапија, набавка на медицински помагала – инхалатори и витамински суплементи.

Изразувајќи поддршка на нивните заложби за актуелизирање и подигнување на свеста за оваа болест, претседателот Пендаровски ја нагласи потребата од ангажман на сите надлежни институции во насока на обезбедување соодветен третман на пациентите, согласно со светските трендови.

Во таа насока претседателот Пендаровски го истакна придонесот на Асоцијацијата, којашто во континуитет им помага на овие граѓани, како во справувањето со нивната болест, така и со низата неизвесности коишто произлегуваат од неа.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...