Претседателот Пендаровски во Малме оствари средба со министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва

13 октомври 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Малме, на маргините на Меѓународниот форум за сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот “REMEMBER – REACT” (Запомни – Реагирај), оствари средба со министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва.

Претседателот Пендаровски и министерот Силва на средбата разговараa за можностите за напредок на Северна Македонија во евроинтеграциите, во пресрет на одржувањето на состаноците на Европската Унија до крајот на оваа година.

Заблагодарувајќи се за досегашната поддршка и конструктивните предлози од Португалија за надминување на блокадата предизвикана од приговорите на Бугарија, претседателот Пендаровски подвлече дека продолжениот застој во процесот на проширување на Европската Унија ќе има долгорочни негативни последици врз развојот и стабилноста на целиот регион и притоа изрази очекување дека поддршката од Португалија ќе се интензивира во наредниот период.

Двајцата соговорници на средбата изразија очекување дека уште за време на тековното словенечко претседавање со ЕУ ќе биде направен исчекор во процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ.

Во оваа насока, претседателот Пендаровски истакна дека поддршката од Португалија во процесот на нашето пристапување кон Европската Унија, пред се во областа на заштитата на животната средина, реформите во администрацијата и земјоделството е добредојдена.

На средбата претседателот Пендаровски и министерот Силва разговараа и за билатералните односи на двете држави, при што изразија подготвеност за унапредување на севкупните односи, како и развој на политичкиот дијалог на највисоко ниво. Соговорниците исто така ја истакнаа потребата од зајакнување на соработката во економијата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, денеска прими делегација на истакнати припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа Џелал Хоџиќ,...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Почитувани, Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, Отар Бердзенишвили. Во обраќањето на свечената церемонија претседателот Пендаровски изрази очекување дека амбасадорoт со...

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на 26-та Конференција на началници на генералштабови на земјите членки и набљудувачи на САД-Јадранската повелба, што се одржува во Скопје. [gallery...