Известување за претставниците на медиумите акредитирани за следење на Процесот Брдо-Бриони

7 септември 2023 | Соопштенија

Почитувани претставници на медиумите,

Ви благодариме што се акредитиравте да го следите состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони, што ќе се одржи на 11 септември, понеделник, во Скопје.

Вашите беџови можете да ги подигнете од канцеларијата на МладиХаб на адреса „Димитрие Чуповски“ 7, Скопје во четврток (7 септември) од 12:00 – 15:00 часот и во недела (10 септември) од 16:00 – 19:00 часот.

Напоменуваме дека доколку не поседувате соодветен беџ, нема да ви биде овозможено непречено движење и пристап до местото на настанот.

Контакт лицe: Билјана Радева, 076/45 55 45 [email protected]

Во продолжение ја проследуваме програмата за настанот:

11 септември, понеделник

08:00 – 09:00 Пристигнување на претставници на медиуми

Место: Спореден влез на хотел „Хилтон“, Скопје

10:45 – 10:55 Официјален пречек на лидерите на земјите учеснички на процесот Брдо-Бриони од страна на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц – Мусар и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ

Место: Хотел „Хилтон“, сала „Дајмонд“  

11:00 Семејно фото на лидерите на земјите учеснички на Процесот Брдо-Бриони

Место: Хотел „Хилтон“, сала „Дајмонд“ 

11:10 Пленарен состанок на лидерите на земјите учеснички на Процесот Брдо-Бриони

Место: Хотел „Хилтон“, сала „Дајмонд“ 

12:45 Прес-конференција на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц – Мусар и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ

Место: „Хотел Хилтон“, сала „Платинум 1“

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на конференцијата „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности – Редизајнирање на макроекономската политика“

Обраќање на конференцијата „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности – Редизајнирање на макроекономската политика“

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на 9. Меѓународна истражувачка конференција на тема „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности - Редизајнирање на макроекономската политика“ што во организација на Народната банка на...

Меморандум за соработка за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје

Меморандум за соработка за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а по иницијатива на сопругата на Претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска, Амбасадата на Народна Република Кина во земјава обезбеди финансиски средства кои ќе бидат донирани на Министерството за здравство за...

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, денеска прими делегација на истакнати припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа Џелал Хоџиќ,...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Почитувани, Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...