Младите, евроинтеграцијата и меѓународните принципи – теми на билатералните средби на Сиљановска-Давкова на маргините на Астана форумот

30 мај 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Меѓународниот Астана форум, Казахстан оствари средби со Бан Ки Мун, поранешен Генерален Секретар на Обединетите Нации и актуелен претседавач со Советот на Институтот за глобален зелен раст, со Кристоф Хојсген поранешен претседавач со Минхенската безбедносна конференција, како и со Фелипе Полие, помошник генерален секретар на ЕУ за младински прашања.

На средбата со  Бан Ки Мун  се зборуваше за меѓународните принципи и правила врз кои почива Светската организација и дека тие мора да бидат основа за решавање на сите конфликти и спорови со кои се соочува светот, а малите и средни по големина држави треба да имаат подеднаква улога во креирањето на иднината на меѓународниот поредок.

Сиљановска-Давкова ги нагласи заложбите на Глобалниот институт за зелен раст (GGGI) и неговата визија за глобална транзиција којашто ги интегрира економскиот развој, намалувањето на сиромаштијата, социјалната инклузија и еколошката одржливост.

Укажувајќи дека државата е посветена на интеграцијата на Целите за одржлив развој во националните стратегии, таа рече дека заедно со Канцеларијата на ОН се работи на подготовка на клучните стратешки документи, вклучувајќи ја и Рамката за соработка за одржлив развој (SDCF) 2026–2030.

Осврнувајќи се на справувањето со климатските предизвици, претседателката истакна дека како земја преземаме решителни чекори, особено имајќи ја предвид нашата местоположба во еден од најранливите региони во светот, Медитеранот.

Сиљановска-Давкова потенцираше дека со Законот за климатска акција земјата ја забрзува зелената транзиција, а паралелно од ЕУ бара континуиран пристап до климатско финансирање, независно од статусот во евроинтегративниот процес.

На средбата со Кристоф Хојсген, поранешниот претседавач со Минхенската безбедносна конференција претседателката искажа благодарност за неговата поддршка и посочи дека еден од врвните надворешно-политички приоритети на државава останува зачувувањето на мирот и стабилноста на Западниот Балкан.

Додавајќи дека проширувањето на ЕУ, не е само политичко и економско, туку и безбедносно прашање, таа истакна дека со членство во Унијата ќе се намали општествената поларизација, ќе се засили социјалната кохезија и нашето општество и институциите ќе бидат поотпорни на сите форми на надворешно влијание.

Германскиот дипломат искажа корисни ставови за изнаоѓање на решение со кое може да се надмине блокадата на македонската евроинтеграција со почитување на темелните принципи и вредности врз кои почива Европската Унија.

На средбата со Фелипе Полие, помошник генерален секретар на ОН за младински прашања Сиљановска-Давкова ги нагласи активностите на светската организација поврзани со младите и плановите за регионов.

Истакнувајќи дека стратегијата Youth2030 е пресвртна точка, првата системска младинска стратегија на ОН, со којашто се покажува институционалната посветеност за координирано решавање на младинските предизвици, таа го нагласи значењето од основањето на Советот за млади, под нејзино покровителство, што е поттик за нивна поголема инклузија во општествените процеси.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство....