Претседателот Пендаровски упати писмо на Брајова азбука до учесниците на Светското екипно првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица

26 јуни 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, упати поздравно писмо до шахистите, учесници на Светското екипно првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица, што се одржува во Охрид од 27 јуни до 8 јули 2022 година.

Во знак на поддршка на слепите и визуелно хендикепирани лица, а во соработка со Филозофскиот факултет во Скопје, писмото беше преведено на Брајова азбука.

Примете го моето извинување што денес поради претходно преземени обврски не сум со вас на отворањето на Светското екипно првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица. Би сакал да ја искористам можноста писмено да ве поздравам посакувајќи Ви успешно одвивање на првенството и секако пријатен престој во Охрид и Република Северна Македонија. Навистина ни претставува особена чест што сме домаќини на 16 шаховски репрезентации и апсолутно сум убеден дека претстојното светско првенство ќе придонесе за дополнително афирмирање на шахот во нашата земја и ќе биде дополнителен мотив за сите кои рекреативно или професионално се врзани за оваа древна игра.

Шахот претставува своевиден симбол за животот, за животните борби и искушенија.  Тој е повеќе од спорт, од игра. Битките на шаховската табла изискуваат концентрација, креативност, упорност и смелост. Впрочем како и во животот. Сите фигури се со определени, ограничени движења, бројот на полињата е лимитиран на 64, а сепак постојат неброени комбинации и можности. И во животната реалност покрај ограничувањата и препреките, ништо не може да ја спречи волјата, мотивацијата, храброста. Дозволете да го пренесам мојот восхит на начинот на кој се справувате со животните искушенија и на страста и посветеноста на шахот.

Дозволете уште еднаш да посакам успешно организирање на шаховското светско првенство и интересни и незаборавни партии помеѓу шаховските мајстори.

Искрено,

Стево Пендаровски“

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...