Брифинг за борбената готовност на Армијата

10 декември 2024 | Соопштенија

Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили, Гордана Сиљановска Давкова, денеска присуствуваше на брифинг за борбената готовност на Армијата.

На брифингот, во присуство на министерот за одбрана, Владо Мисајловски и генералите во Армијата, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, информираше за реализацијата на плановите, задачите и состојбата во Армијата во текот на 2024 година.

Претседателката Сиљановска Давкова беше запознаена со степенот на реализација на активностите во областите на персоналниот менаџмент, обука и вежби, операции во земјата и странство, опрема и инфраструктура, воено планирање и структура на сили, модернизација, буџетирање и финансирање.

На брифингот претседателката Сиљановска Давкова истакна дека припадниците на Армијата во континуитет ја докажуваат својата професионалност, дисциплина и подготвеност, успешно вршејќи ги своите задачи и гарантирајќи ја безбедноста, стабилноста и националната одбрана.

Претседателката ги реафирмираше нејзините заложби за продолжување на процесот на модернизација на Армијата и инвестиции во човечкиот капитал, потенцирајќи дека благодарение на посветеноста на македонските војници и офицери нашата држава беше и останува силен и доверлив партнер во регионалната и глобалната безбедност.

Во таа насока, таа го поздрави придонесот на македонската армија во колективната безбедност,  преку активното учество во заедничките мисии и операции на НАТО, како и безрезервниот ангажман во справување и гасење на годинашните пожари во земјава.

Претседателката констатираше дека фактот што Армијата ужива највисока доверба и углед кај граѓаните, го потврдува нејзиниот кредибилитет и дигнитет во земјава и во странство.

Брифингот е редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот пред врховниот командант, чија цел е претставување на состојбата во функционалните области кои имаат влијание на борбената готовност на Армијата.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата...

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, 24 март 2026 година, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...