Почитувани сограѓани Бошњаци, Ви упатувам искрени честитки по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците. Вие, Бошњаците, не сте само припадници на еден етнос, туку и важен човечки капитал. Вие, Бошњаците, имате не само уставно загарантирано право слободно да...
Сиљановска-Давкова се сретна со македонските православни верници од новоформираната црковна општина „Св. Архангел Михаил” во Халејн, Австрија
Денеска, во пресрет на 22. Европски самит во Салцбург, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со македонските православни верници, кои неодамна формираа нова црковна општина „Св. Архангел Михаил" во Халејн, Република Австрија. [gallery...
Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Република Австрија, по повод учеството на 22. Европски самит во Салцбург. Предвидено е претседателката да се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“....
Сиљановска – Давкова ја одликуваше Светлана Мојсов со Орден „8 Септември“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на свечена церемонија во „Вила Водно“, денеска ја одликуваше Светлана Мојсов со Орден „8 Септември“ за извонредниот придонес во биохемијата како врвна светска научничка и истражувачка. Примајќи го ова високо признание,...
Средба на Сиљановска-Давкова со делегација на францускиот Сенат: Франција е важен пријател и партнер на македонскиот европски пат
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими делегација на Сенатот на Француската Република, предводена од Марта де Сидрак, претседателка на Групата за пријателство Франција–Западен Балкан. Во состав на делегацијата беа сенаторите Арно Базен, Ален Милон и Лоранс...
Средба на Сиљановска-Давкова со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, со седиште во Рим, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси. Заблагодарувајќи се за лично доставената покана за учество на Конференцијата...
Сиљановска-Давкова прими претставнички на Центарот за управување со промени – ЦУП
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставнички на Центарот за управување со промени – ЦУП, предводени од извршната директорка Неда Малеска-Сачмароска. Претставничките на ЦУП, најпрво ја запознаа со причините...
Сиљановска-Давкова: Со љубов многу нешта можат да се надминат, ублажат или подобрат
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер, во Народната канцеларија во Скопје се сретна со лицата со Алцхајмерова болест и членовите на нивните семејства на настанот „Алцхајмер Матине – она што останува: љубов, емоција, емпатија“, организиран од Институтот...
Средба на Сиљановска-Давкова со европратеникот и известувачот на Европскиот парламент, Вајц
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц, придружуван од шефот на делегацијата на ЕУ, амбасадорот Михалис Рокас. На средбата се...
Проштална средба на Сиљановска-Давкова со британскиот амбасадор Лосон
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, кому му заблагодари за личната посветеност и проактивност во зајакнувањето на македонско-британските односи. [gallery...
Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се сретна со двајца претставници на „Обединети Македонци во Канада“, претседателот Ристо Дурловски и членот Душко Јанков. Тие ја запознаа со животот и успесите, но и со проблемите и предлозите на припадниците на...
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Чешката Република, Ирена Гецова
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Чешката Република, Ирена Гецова. На средбата беше потврдено пријателството меѓу двете земји, коишто од 1994 година континуирано ги унапредуваат...











