Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

19 јануари 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство и до православните верници.

Почитувани,

На овој светол и благословен ден, кога небото се отвора и Божјата светлина се спушта на Земјата, ви го честитам големиот христијански празник Богојавление  ̶  Водици.

Овој празник има длабоко духовно значење и особена симболика во нашата вера. Исусовото крштевање во реката Јордан не претставува само осветување на водата, туку чистење, духовна обнова и нов почеток. Богојавление е ден кога ја чувствуваме Божјата присутност во нашите животи, ден кога со отворено срце ја примаме љубовта и светлината којашто Бог ни ја дарува,  потврдувајќи ја нашата верба во него.

Денес кога го славиме Божјото откровение на Земјата,  ние сме повикани да го покажеме најдоброто и најсветлото на овој свет. Оваа година нека биде година на обнова, љубов и заедништво, со Божји благослов, а овој празник нека биде поттик за сите нас со верба да продолжиме по патот на љубовта и правдата, да бидеме светлина за другите и да градиме поубав свет исполнет со милост и со сплотеност.

Нека ни  е честит и вековит големиот христијански празник Богојавление ‒  Водици.

Бог се јави!

Гордана Сиљановска-Давкова

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН, со коишто разговараше за актуелните предизвици во областа на заштитата на животната средина....

Проштална средба на претседателката Сиљановска-Давкова со американската амбасадорка Агелер

Проштална средба на претседателката Сиљановска-Давкова со американската амбасадорка Агелер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на проштална средба ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер. Обете уште еднаш потврдија дека двете земји, како долгогодишни сојузници,...

Средба на Сиљановска-Давкова со реномираните музички уметници Гарабет, Диран и Гаро Тавитјан

Средба на Сиљановска-Давкова со реномираните музички уметници Гарабет, Диран и Гаро Тавитјан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими реномираните музички уметници Гарабет, Диран и Гаро Тавитјан. Навраќајќи се на богатото музичко творештво коешто го имаат зад себе, тие со претседателката ја споделија иницијативата за проектот „7/8 -...

Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечената божествена литургија во Соборниот храм во Скопје

Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечената божествена литургија во Соборниот храм во Скопје

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод одбележувањето на Христовото раѓање – Божиќ, присуствуваше на Архиерејската Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, со којашто чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски,...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, господин господин Стефан и до...