Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците

28 септември 2026 | Соопштенија

Почитувани сограѓани Бошњаци,

Ви упатувам искрени честитки по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.

Вие, Бошњаците, не сте само припадници на еден етнос, туку и важен човечки капитал.

Вие, Бошњаците, имате не само уставно загарантирано право слободно да го изразувате, негувате и развивате својот идентитет преку културни, уметнички и образовни институции и здруженија, туку и реално да го остварувате.

Вие, Бошњаците, сте релевантен субјект во процесот на политичко одлучување, и во економскиот развој.

Вие, Бошњаците, имате долга, автентична и богата национална приказна, којашто ја пишуваа вашите претци, денес ја пишувате Вие, а ќе ја пишуваат и генерациите по вас!

Посакувам младите Бошњаци да растат, да учат, да се образуваат и да се радуваат во мирна, здрава, демократска, солидарна, компетитивна и просперитетна европска држава.

Посакувам меѓусебно да се почитуваме и разбираме во градењето заеднички дом на рамноправни и среќни граѓани, во којшто, различностите ќе се почитуваат, а вредностите и принципите ќе не обединуваат, без оглед на етничката и верска припадност!

д-р Гордана Сиљановска-Давкова

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и...

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Европскиот парламент во Брисел, оствари средба со европратениците Дан Барна (Renew, Романија), Тајс Ројтен (СД, Холандија), Матеј Тонин (ЕПП, Словенија) и Карло Реслер (ЕПП, Хрватска). ...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и...

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како Врховна командантка на вооружените сили, придружена од македонскиот амбасадор во НАТО, Муртезани, и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, во седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа,...

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST). Предмет на...