Сиљановска-Давкова прими претставнички на Центарот за управување со промени – ЦУП

24 септември 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставнички на Центарот за управување со промени – ЦУП, предводени од извршната директорка Неда Малеска-Сачмароска.

Претставничките на ЦУП, најпрво ја запознаа со причините и целите на нивната иницијатива за овозможување бесплатен пристап до електронските изданија на законите и другите прописи во „Службен весник“ за сите заинтересирани, убедени дека само информиран граѓанин може да биде критичен и активен субјект.

Потем, директорката ја информира дека Центарот, по темелни истражувања, подготвил два документа во коишто се  анализираат правните и финансиските аспекти на отворениот пристап до online изданието на весникот.

Документите, истакна таа, меѓу другото, нудат и компаративни податоци за искуствата на повеќе европски земји, коишто јасно ги покажуваат бенефитите од достапноста до нивните службени гласила.

Претседателката ја поздрави идејата за непречен пристап до тековните електронски изданија како демократска, логична и корисна во градењето рамноправно, информирано и активно граѓанство. За неа, достапноста на „Службен весник“ не е само технички модус, туку прашање од значење за демократијата и владеењето на правото.

Имајќи предвид дека и нашиот устав, како и многу други, го гарантира слободниот пристап до информациите, односно слободното примање и пренесување на информациите, соговорничките се согласија дека воспоставување бесплатен пристап до тековните изданија на „Службен весник“, со сигурност ќе има позитивни импликации врз транспарентноста на процесот на одлучување, институционалната и лична одговорност и правната сигурност на граѓаните.

Сиљановска-Давкова, во оваа насока оцени дека ваквите иницијативи се значаен чекор и придонес кон унапредувањето на јавните политики, особено кога се поткрепени со правна и финансиска анализа, како и со конкретни препораки.

Таа верува дека, во понатамашниот процес, низ широка дебата треба да се разгледаат сите правни, институционални, финансиски и технички аспекти на проектот, во потрага по добро, применливо, одржливо и долгорочно решение.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и...

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Европскиот парламент во Брисел, оствари средба со европратениците Дан Барна (Renew, Романија), Тајс Ројтен (СД, Холандија), Матеј Тонин (ЕПП, Словенија) и Карло Реслер (ЕПП, Хрватска). ...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и...

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како Врховна командантка на вооружените сили, придружена од македонскиот амбасадор во НАТО, Муртезани, и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, во седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа,...

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST). Предмет на...