Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо во Дубаи

1 декември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Дубаи, за време на неговото учество на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28, оствари средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо.

На средбата се разговараше за тековната соработка на нашата земја со Европската банка за обнова и развој, за регионалната соработка и интеграција, како и за поддршката на ЕБОР кон Северна Македонија во интерес на натамошен развој на регионот и заедничка иднина во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски изрази уверување дека добрата соработка со ЕБОР, како најактивна меѓународна финансиска институција во земјава ќе продолжи и во иднина и дека таа соработка, која силно ја поддржува македонската европска реформска агенда е неопходна за реализација на јавни проекти што ќе бидат од корист за националната економија и за граѓаните.

Во таа насока беше разговарано за Договорот што треба да биде објавен за време на Климатскиот самит КОП28, а кој се однесува на план вреден 4 милијарди евра, одобрен од меѓународни кредитори, вклучително и Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) и Светската банка. Нашата држава е дел од планот, „Инвестициска програма за праведна енергетска транзиција“, што опфаќа проекти за замена на јагленот, преку поддршка на влади, јавни доверители и приватни инвеститори.

Соговорниците разменија мислења и информации и за тековните економски движења во регионот и Европа, како и за предизвиците со кои се соочува овој сектор во услови на економска и геополитичка неизвесност.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...