Проштална средба на претседателот Пендаровски со египетскиот амбасадор Калид Ибрахим Емара

14 ноември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Арапската Република Египет, Калид Ибрахим Емара.

На средбата беше реафирмиран интересот за натамошно унапредување на билатералните односи во сите области од заемен интерес и во оваа насока беше нагласена важноста од одржување на политички дијалог на високо ниво, вклучувајќи и размена на посети на високо ниво.

На средбата беа разменети мислења за состојбите во поширокиот регион, вклучувајќи ги случувањата на Блискиот Исток.

Заблагодарувајќи се за неговиот севкупен дипломатски ангажман и придонесот за развојот на македонско-египетските односи, претседателот Пендаровски на амбасадорот Емара му посака личен и професионален успех во иднина.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше и се обрати на панел дискусијата „Здравјето не е само физичко -Ти ја имаш силата“ што се одржа во организација на НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација. Во своето...

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

 Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција од адолесцентна бременост“ што се одржа во Eвропска куќа, Скопје. ...

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Пендаровски. За време на престојот, се сретнаа и...

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на приемот, што по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, се одржа вчеравечер во Скопје. Претседателот Пендаровски оцени дека...