Средба на претседателот Пендаровски со претставници на хуманитарната организација „Ел Хилал“

22 февруари 2024 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на хуманитарната организација „Ел Хилал“, предводени од Бехиџудин Шехапи, претседател на организацијата.

Претставниците на организацијата го информираа претседателот Пендаровски за тековните активности на „Ел Хилал“, која со преку 16 ограноци, односно 4 во Скопје и 12 во другите градови, дејствува на целата територија на државата. Нивната мисија, како што посочија, е постојано да бидат блиску до најранливите, до граѓаните коишто се во потешка финансиска состојба. Во оваа насока потенцираа дека покрај помош во храна и други неопходни производи, на загрозените повеќечлени семејства им обезбедуваат и постојани живеалишта, а годишно доделуваат и од 30 до 60 стипендии на успешни студенти.

Истакнувајќи дека со своето тридецениско дејствување „Ел Хилал“ е првата невладина организација формирана во земјата, од организацијата потенцираа дека помагаат на сите граѓани на кои им е неопходна помош, без разлика на нивната верска или национална припадност, бидејќи како што велат, мора заедно да дејствуваат, кога е во прашање хуманоста. Во организацијата се регистрирани 3.000 семејства.

Претседателот Пендаровски на средбата оддаде признание за придонесот и заложбите на „Ел Хилал“ во борбата против сиромаштијата и обезбедување на социјална кохезија во нашето мултикултурно и мултирелигиско општество.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...