Средба на Сиљановска-Давкова со европратеникот и известувачот на Европскиот парламент, Вајц

23 септември 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц, придружуван од шефот на делегацијата на ЕУ, амбасадорот Михалис Рокас.

На средбата се разговараше за македонската европска интеграција, можностите и условите за деблокада на нашиот пристапен процес, како и за политиката на проширување на Европската Унија, низ призма на геополитичките закани и употребата на ветото.

Сиљановска-Давкова ги поздрави обидите и напорите за објективен пристап во известувањето на Вајц, како и неговиот јасен став дека билатералните прашања треба да бидат одвоени од формалниот процес на пристапување кон Европската Унија.

Во пресрет на извештајот на ЕК, соговорниците разменија мислења за потребните и можните реформи на процесот на проширување, врз основа на воочените  проблеми.

За Сиљановска-Давкова важно е да се забрза и заштити од ирационални опструкции динамиката на европската интеграција и да се овозможи посилна институционална заштита на принципот на заслуги во пристапниот процес.

Таа посебно укажа на членовите 4(2) и 4(3) од Договорот за Европската Унија, во коишто се предвидени почитувањето на националниот идентитет, уставните и политичките структури, како и обврската на земјите – членки за искрена соработка и не поткопување на целите на ЕУ, констатирајќи дека злоупотребата на ветото и билатералните условувања врзани со идентитетот, историјата и јазикот, се во судир со овие одредби.

Претседателката потсети на нашите тешки и дотогаш непознати компромиси во изминатите децении во интерес на европската интеграција, потсетувајќи дека не само што не е остварено членството, туку не се почнати ни преговорите.

Вајц ја објасни својата добра намера, неутралност и посветеност на процесот, укажувајќи на реалната доминација на политиката, темелно ја запозна претседателката со сите превземени активности во врска со македонско-бугарските релации, укажа на потребата од посегање на пријателски чекори од обете страни, потенцирајќи ја цврстата решеност на ЕУ за проширување.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на турската Црвена полумесечина, Фатма Мерич Јилмаз

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на турската Црвена полумесечина, Фатма Мерич Јилмаз

Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Фатма Мерич Јилмаз, претседателка на турската Црвена полумесечина и членка на Советот на претседателот на Република Турција, придружувана од претседателката на македонскиот Црвен крст, Лилјана Ристевска. [gallery...

Церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетители

Церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетители

По повод церемонијата на менување на државното знаме, којашто се одржува секој втор петок во месецот, денеска Кабинетот на претседателот го посетија учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Виница и деца од скопските градинки „Орце Николов“ - Карпош, Британска детска...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот грчки амбасадор, Јоанис Малукос

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот грчки амбасадор, Јоанис Малукос

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Хеленската Република, Јоанис Малукос. Таа, третирајќи ја Грција како важен...

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ. Посакувајќи му добредојде, таа изрази уверување дека во неговиот мандат добрите македонско-турски односи ќе станат уште...

Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 25 години СОС Детско село

Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 25 години СОС Детско село

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, се обрати на одбележувањето на 25-годишнината од постоењето и работата на СОС Детско село во Македонија, во Македонскиот народен театар во Скопје. Во обраќањето, таа ги потсети возрасните на...