Сиљановска-Давкова ќе учествува на Седмиот состанок на Европската политичка заедница

1 октомври 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Копенхаген, Кралство Данска, заради учество на Седмиот состанок на Европската политичка заедница.

Таа ќе се обрати на панел дискусијата насловена „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани“, со којашто ќе претседаваат францускиот претседател Емануел Макрон и албанскиот премиер Еди Рама.

На состанокот во Копенхаген се поканети 47 шефови на држави и влади. Клучни теми ќе бидат војната во Украина и потребните чекори за посилна и побезбедна Европа во амбиент на конфликтна геополитичка ситуација.

Имајќи ги предвид бројните предизвици што вклучуваат координирани сајбер операции, саботажа на критична инфраструктура и проблеми со миграцискиот прилив, лидерите ќе дискутираат за неопходноста од зајакнување на соработката. Фокусот ќе биде на потребата од преземање поголема одговорност за сопствената одбрана, како и зајакнување на индустриската и технолошката соработка.

Европската политичка заедница е платформа чија основна цел е да го поттикне политичкиот дијалог заради решавање на прашања од заеднички интерес, зајакнување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на европскиот континент. Досега се одржани 6 состаноци.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова разговараше со македонските мировници:  Не е случајна огромната доверба на граѓаните во Армијата

Сиљановска-Давкова разговараше со македонските мировници: Не е случајна огромната доверба на граѓаните во Армијата

 Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, преку видео-конференциска врска им се обрати на македонските мировници. Во присуство на нивните семејства, таа на припадниците на Армијата,...

Претседателката Сиљановска-Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година

Претседателката Сиљановска-Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година

Претседателката Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година. Лауреати на Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година се авторите...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање - Божиќ, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Епарх Струмичко-скопски и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар....

Обраќање во Собранието на претседателката Сиљановска-Давкова

Обраќање во Собранието на претседателката Сиљановска-Давкова

Почитувани граѓани, Почитуван Претседател на Собранието, г. Гаши, Почитуван Претседател на Владата, г. Мицкоски, Почитувани пратеници во Собранието, Почитувани министри, Ценети претставници на судската власт, Почитувани претставници на верските заедници, Почитуван...