Претседателот Пендаровски се обрати на Меѓународниот форум за заштита на бегалците

26 јануари 2022 | Обраќања

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на Меѓународниот форум за заштита на бегалците, организиран од Центарот за право на бегалци и миграција при Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со Канцеларијата на УНХЦР во Северна Македонија и Меѓународниот институт за хуманитарно право од Сан Ремо.

Почитувани учесници,
Дами и господа,

Задоволство ми е да ве поздравам на Меѓународниот форум за заштита на бегалците, организиран од Центарот за право на бегалци и миграција при Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со Канцеларијата на УНХЦР во Северна Македонија и Меѓународниот институт за хуманитарно право од Сан Ремо.

Оваа конференција е силен пример за многу потребниот мултилатерализам и меѓународна соработка. Конфликтите, тероризмот, пандемијата, социо-економската и финансиската нестабилност и натаму ги нарушуваат начините на живот ширум светот. Тие продолжуваат да ги загрозуваат човековите права и слободи, предизвикувајќи хуманитарни катастрофи од големи размери и невиден број бегалци – лица на кои им е потребна заштита додека бегаат од прогон поради нивната раса, религија, националност, членство во одредена општествена група или политичко мислење.

Државите ја имаат главната одговорност кога станува збор за заштитата на бегалците и човековите права. Затоа мораме да предничиме во исполнувањето на обврските преземени со Глобалниот договор за бегалците и Глобалниот форум за бегалци.

Како потписничка на Конвенцијата од 1951 година и преку својата долгогодишна соработка со УНХЦР, Северна Македонија покажа солидарност со бегалците од многу конфликти во поновата историја. Од војните низ поранешна Југославија во 90-тите години од минатиот век до стотици илјади што ја поминаа земјата во 2015 и 2016 година – без престан работевме за да им обезбедиме заштита на тие луѓе и да останеме цврст поддржувач на споделената одговорност на глобално ниво.

По падот на Кабул неодамна, водени од чувството на морална обврска и солидарност, потврдувајќи ги нашите меѓународни обврски и во согласност со нашата традиција, веднаш ја огласивме нашата подготвеност да прифатиме авганистански бегалци.

Почитувани учесници,

Ковид-19 ги предизвика нашите начини на живеење на многу нивоа, а во исто време не турна кон преиспитување на нашите ставови за различни аспекти од животот. Сепак, во никој случај не треба да дозволиме пандемијата да послужи како оправдување за недостатокот на солидарност.

Низ овие години на големи предизвици, потребно ќе ни биде сè посилно и подлабоко партнерство и солидарност. Во оваа смисла, од суштинско значење ќе биде, истакнати експерти и академици, како и практичари со големо искуство во областа, да ни дадат препораки за тоа што државите, граѓанското општество, приватниот сектор и сите луѓе со добра волја можат да направат заедно на полето на заштитата на бегалците со цел да се прошират можностите за подавање рака на оние на кои им е потребна во деновите кога владее безредие.

Драги пријатели,

Дозволете ми да упатам поздрав до сите вас, да ви посакувам добро здравје и продуктивни дебати на главната тема на конференцијата. Навистина се надевам дека следниот пат ќе се видиме лично.

Ви благодарам за вниманието!

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука -  22 ноември и 115. годишнината од одржувањето на конгресот во Битола, каде беа поставени темелите за стандардизација на албанскиот јазик. [gallery...