Сиљановска-Давкова гласаше на вториот круг од локалните избори 2025 година

2 ноември 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на вториот круг од локалните избори гласаше во ООУ „Коле Неделковски“ во општина Центар, кадешто изјави дека очекува изборниот ден да помине мирно, да се заокружат изборите, а потоа градоначалниците и советниците да се фрлат на работа.

Одговарајќи на новинарски прашања за текот на кампањата таа укажа на нешто што е крајно невообичаено во Европа и во светот, а редовно е кај нас: „Во европските држави на локални избори гласаат само луѓе кои имаат постојано живеалиште во општината. Значи, денот и ноќта го поминуваат таму. На локални избори не гласаат луѓе кои според логиката на пописните правила се евидентираат во тие земји. Зошто? Бидејќи тие гласаат таму – таму кадешто живеат, таму кадешто плаќаат даноци, таму кадешто им одат децата на училиште, таму кадешто тие работат, таму и гласаат. Ние имаме еден парадокс – да дојдат за еден час луѓе кои веќе гласале во Австрија, во Франција, во Швајцарија и да ги изберат градоналниците и советниците. Можете да проверите, тоа е непознат демократски феномен“.

Прашана за отсуството на жени на изборните листи, таа оцени дека и покрај поедноставената постапка, сепак повторно се кандидирале многу малку жени, а причините се веројатно повеќе.

„Прво, изненадувањето. Одеднаш се соочувате со можност сами да се кандидирате со два потписи. Ние сме одговорни суштества и секогаш размислуваме дали сме ние најдоброто решение, дали ќе можеме да одговориме на овој предизвик, особено ако не сме поддржани од луѓе кои ни веруваат. Тоа е првото. Второто е врзано со политичката култура. Веројатно, се уште има силни елементи на, за жал, патријахална и парохијална политичка култура, па ние размислуваме на тој начин дека, можеби, не сме најдобрите. Значи, овој инцидент со отсуството на член заради одлуката на Уставниот суд, што ќе го регулира кандидирањето, покажа и докажа дека и во нас жените има сериозен проблем. Јас не велам дека е тоа недоверба во себе, туку мислам дека е врзано за фактот дека сме ние поодговорни, бидејќи имаме потежок пат во животот, секогаш имаме дилеми, најлесно одлучуваат оние кои не размислуваат или мислат дека по природата се надарени да бидат изворедни политичари, пратеници, советници, градоначалници и така натаму. Но, мислам дека оваа лекција треба добро да ја научиме за да ги смениме работите“, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на настанот „Национален дијалог во пресрет на СОР31“, организиран од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за енергетика, рударство и минерални...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беа потврдени пријателските македонско-словачки односи. [gallery...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од Н.Е. г-а Маја Сивањанам, вонредна и ополномоштена амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Сиљановска-Давкова...

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста по повод 80-годишниот јубилеј на централнобанкарското работење на Народната банка, којашто се одржа во Музејот на Народната банка. Таа говореше за Народната банка, за нејзината трансформација во...

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Албулена Хаџиу, претседателка на Собранието на Република Косово, која престојува во официјална посета на државава. Таа искажа задоволство од развојот на македонско-косовските...