Дваесет и две години по трагедијата, со длабока тага оддаваме почит на претседателот Борис Трајковски и на членовите на македонската делегација чии животи згаснаа во авионската несреќа во Босна и Херцеговина.
Претседателот Трајковски го паметиме како државник кој во сложени времиња покажа дека силата на лидерството се мери преку принципи и вредности. Определбата за мир, соживот и за демократски развој беше основа на неговата верба во Македонија како членка на ЕУ. Неговата визија останува наша обврска за остварување на националните приоритети.
Во знак на сеќавање и благодарност претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се поклони пред вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристо Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски на гробиштата „Бутел“ во Скопје.
Делегации им оддадоа почит и на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес, на Борис Велинов на гробиштата во населба Илинден и на Аце Божиновски на гробиштата во Бардовци.
Вечна им слава.






