Средба на Сиљановска-Давкова со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески

24 август 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со  гувернерот на Народната банка, Трајко Славески кој ја информираше за основните макроекономски показатели и за мерките преземени во делот на макроекономската политика.

Разговараа за влијанието на глобалните геостратешки, финансиски и енергетски трендови врз македонската економија, како и за последиците во индустријата, трговијата и градежништвото.

Гувернерот оцени дека економијата е стабилна, со солиден раст, но дека треба внимателно да се следат увозната зависност и цените на храната и енергијата.

Соговорниците се согласија дека стручните и компетентни човечки ресурси се клучни за успешното функционирање на Народната банка и за одржување на финансиската стабилност на земјата. Гувернерот до Собранието доставил предлог за избор на трет вицегувернер.

Макроекономската стабилност и здравиот финансиски систем остануваат приоритет за напредокот на државата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, им ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон. На оваа престижна меѓународна спортска манифестација, којашто по 39-ти пат се одржа во Охрид, победничка во женска...

Сиљановска-Давкова им порача на учесниците на Медитеранските игри во Таранто: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Таранто, Италија, го посети Медитеранското (олимписко) село и се сретна со македонските спортисти кои учествуваат на 20. Медитерански игри. Таа, во обраќањето пред учесниците посочи дека спортот е повеќе од...

Присуство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свеченото отворање на 20. Медитерански игри во Италија

Присуство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свеченото отворање на 20. Медитерански игри во Италија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на свеченото отворање на 20. Медитерански игри, коишто се одржуваат во Таранто, Италијанската Република. Таа денеска ќе го посети Медитеранското (олимписко) село каде ќе оствари средба со македонските...

Сиљановска-Давкова се обрати на Амбасадорскиот совет

Сиљановска-Давкова се обрати на Амбасадорскиот совет

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Скопје се обрати на Амбасадорскиот совет. Според неа, во новата мултиполарна реалност мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас. Таа потсети...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со чешкиот министер за надворешни работи Мацинка

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со чешкиот министер за надворешни работи Мацинка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, којшто престојува во официјална посета на земјава. [gallery...