Средба на претседателот Пендаровски со Штефан Холтхоф-Фертнер, министер за сојузни и европски, како и за меѓународни прашања на Северна Рајна-Вестфалија

28 март 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски имаше средба со министерот за европски и меѓународни прашања на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, Штефан Холтхоф-Фертнер, на која беше констатирано дека Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија во континуитет градат пријателски и партнерски односи.

Претседателот Пендаровски оцени дека соработката со Северна Рајна-Вестфалија, најголемата германска сојузна покраина, несомнено ја збогатува и севкупната билатерална соработка и пријателските врски со Германија, верифицирано и преку потпишаната заедничка декларација за соработка меѓу Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија. Во тој контекст беше реафирмирана и економската билатерална соработка која и покрај предизвиците со пандемијата, се уште е на високо ниво.

Во фокусот на разговорот беа евроинтеграциите, нашето европско досие во тој контекст, како и геополитичките случувања во поширокото соседство и влијанието од руската воена инвазија врз Украина, токму на политиката на проширувањето на ЕУ со земјите од Западниот Балкан.

Претседателот Пендаровски изразувајќи благодарност за континуираната и принципиелна германска поддршка, информираше за последните предизвици кои Северна Македонија ги има на патот кон ЕУ, нагласувајќи дека отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, не само што е заслужен и логичен чекор по одлуката на Советот на ЕУ во март 2020 година, туку во денешниот контекст и безбедносно прашање клучно за стабилноста и просперитетот на регионот, како и на самата Унија. Пендаровски порача дека ЕУ мора да преземе стратешки исчекор и принципиелен став кон земјите кои покажаа целосна усогласеност со надворешната политика на Унијата, како нивни вистински и кредибилни партнери, споделувајќи ги истите вредности на слободниот и демократски свет.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј на плоштадот во Охрид и...