Претседателката Сиљановска Давкова ги прими македонските претставници на 56. Меѓународна олимпијада по хемија

8 август 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Вила Билјана во Охрид ги прими македонските претставници на 56. Меѓународна олимпијада по хемија, што од 21 до 30 јули се одржа во Саудиска Арабија и на која освоија еден сребрен и еден бронзен медал.

Во конкуренција на 327 ученици од 84 држави од целиот свет, Петар Мирчевски, ученик во III година во гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп освои сребрен медал, додека Марио Ванчовски ученик во III година во гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип освои бронзен медал.

Забележителни резултати имаа и останатите двајца македонски претставници – Иван Костевски, ученик во III година во гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип и Елена Живаљевиќ, ученичка во III година во средното училиште „Јахја Кемал“ од Скопје.

На средбата, на која присуствуваа и нивните ментори од Сојузот на хемичари и технолози на Македонија и професори на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет од Скопје, Марина Стефова и Миха Буклески, претседателката Сиљановска Давкова упати честитки за одличните резултати, истакнувајќи дека нивното постигнување треба да биде поттик и инспирација за сите млади луѓе што се занимаваат со научно-истражувачка работа. Претседателката Сиљановска Давкова оддаде признание и за нивните постигнувања на претходни меѓународни и домашни натпреварувања.

Истовремено, претседателката Сиљановска Давкова ги истакна своите заложби за изнаоѓање на одржливо системско решение за логистичка и финансиска поддршка на идните учества на македонски претставници на слични натпреварувања.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја заврши официјалната посета на Република Хрватска со предавање на Правниот факултет во Загреб, посветено на парадоксите на македонските евроинтеграции. Во обраќањето таа го оцени нашиот...

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата...

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, 24 март 2026 година, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....