Порака од претседателот Стево Пендаровски по повод 17 Мај – Меѓународниот ден за борба против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата

17 мај 2022 | Соопштенија

По повод 17 Мај – Меѓународниот ден за борба против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата , претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ја упати следната порака:

„На Меѓународниот ден за борба против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата се потсетуваме на потребата за подигање на свесноста, континуираната борба за повеќе права и еднакви можности на ЛГБТИК+ луѓето. Многумина од нив сѐ уште живеат во страв за општествената прифатеност, се предмет на дискриминација, вознемирувачки говор или пак жртви на насилство како дела од омраза.

За жал, како општество не сме имуни на предрасуди, стигматизација и говор на омраза кон лицата кои се дел од ЛГБТИК+ заедницата.

Неприфатлива е дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет. Сите луѓе треба да ги уживаат основните човекови права, и не смее да има исклучоци по ниту еден основ.

Сите ние треба да придонесеме кон унапредување на инклузијата во нашето заедничко општество, прифаќање и почитување на различноста.

Да создаваме општество во кое сите ќе ги уживаме фундаменталните права, заедница во која маргинализираните сограѓани ќе бидат заштитени, соодветно на демократиските вредности во кои веруваме.“

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...