Обраќање на претседателката Сиљановска Давкова на одбележувањето 100 години од основањето на Научниот институт за тутун – Прилеп

5 декември 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Прилеп, се обрати на одбележувањето 100 години од основањето на Научниот институт за тутун – Прилеп.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска Давкова.

Почитуван министер,

Почитувана заменик министерке,

Почитуван ректор,

Почитуван господин Петар,

Почитувани колешки и колеги,

Пријатна должност е да се зборува за најстарата единица во составот на Универзитетот „Свети Климент Охридски“,  Научниот институт за тутун – Прилеп,  100 години по неговото формирање. Одбележуваме еден век  наука и образование, илјадници страници долга и сѐ уште недопишана приказна за тутунот, низа успеси дома, но и надвор!

Оваа за мене уникатна научно-образовна институција продолжува да биде импулс на знаењето и поттик на потрагата по нови решенија за унапредување на економијата и земјоделството и одгледувањето на тутунот, како и справување со климатските закани по прозводството, но и со здравствените ризици. Научниот институт за тутун – Прилеп не е само одговорен чувар на стекнатото знаење, туку и посветен актер во неговото продлабочување.

Длабоко вкоренет во срцето на тутунопроизводната индустрија, овој институт се издвојува како познат и ценет познавач и квалификуван и почитуван фактор при решавањето на суштинските проблеми во производството и обработката на тутунот.

Со врвна технологија и акредитирани лаборатории, Научниот институт за тутун неуморно стимулира и поддржува иновации и истражувања, како во своите простории, така и надвор од нив.

Овозможувајќи производство и дистрибуција на висококвалитетен семенски материјал, како и вршење биолошки испитувања на средства за заштита на растенијата, институтот постојано ја унапредува својата стручност, овозможувајќи развој на тутунопроизводството.

Во својата посветеност на квалитетот, Научниот институт за тутун ги следи процесите на контрола на истиот тој квалитет на почвата, на водата, на ѓубривата, на растителениот материјал, како неизоставен чекор при постигнувањето највисоки стандарди на производство. Дополнително и згора, тој врши и надзор над автентичноста и квалитетот на тутунската суровина, како и преглед на здравјето на растенијата, обезбедувајќи стабилност и сигурност на целиот производствен процес. На тој начин, Институтот не само што ја зголемува продуктивноста, туку и го зачувува природниот баланс, создавајќи темел за идните генерации на научници и тутунопроизводители.

Како дел од основачите на Меѓународната организација за проучување на тутунската култура – CORESTA, доследно се труди да ги расплете прашањата од минатото, гарантирајќи сигурна иднина. Почнувајќи од инвестициите за подобрена енергетската ефикасност, па сѐ до проекти на домашно и меѓународно тло, Научниот институт за Тутун – Прилеп го потврдува своето заслужено место како поборник на колективната еколошка свест.

Со публикација на единственото меѓународно списание ТУТУН/TOBACCO, со своите пет акредитирани лаборатории и активната улога во процесот на стручното дуално образование, институтот за тутун остава академски белег, но и земјоделски траг.

Неуморно усовршувајќи ги своите научно-истражувачки активности, Научниот институт за тутун – Прилеп континуирано се посветува на клучни области од суштинско значење за развојот на тутунопроизводството. Преку систематско креирање на нови сорти тутун и усовршување на веќе познатите и признатите, институтот ја осигурува не само стабилноста, туку и понатамошниот напредок на оваа индустрија.

Додека вешто ја поттикнува соработката меѓу голем број на странски и домашни институции посветени на тутунот, тутунската суровина и производите од истиот, институтот се карактеризира со извонредност, втемелена во вековната македонска традиција, но и во современата иновација.

Низ редовите на својата мисија и визија, институтот сведочи за долга и плодна историја на заложби и вложување. Како дел од GLOSOLAN – Глобалната лабораториска мрежа за почви, оваа институција станува меѓународно препознатлив и почитуван носител на одговорност за знаењето, поврзувајќи ги истражувачките нишки на мудроста со знаењето и умешноста.

Не се бави само со проекти, туку и реално твори, подобрувајќи ја нашата сегашна и идна земјоделска средина. На еден многу својствен начин го поттикнува и го обезбедува одржливиот развој, рационално користејќи ги ресурсите за адаптација на климатските промени.

Преку меѓународното здружување и споделување на знаење, Научниот институт за тутун од Прилеп ја засилува својата улога како водечки столб во глобалните хоризонти на земјоделската иновација. Соработката со светски реномирани научни и истражувачки организации ја збогатува оваа институција со истражувања, проекти и иноваторски пристапи што и обезбедува сигурен фундаментален делокруг на дејствување.

Транснационалните ангажмани не само што го јакнат капацитетот, туку и го претвораат во значаен фактор на глобалните иницијативи за одржливо земјоделство, отворајќи нови насоки за размена на технологии и усовршување на производствените методологии.

Примената на современи агротехнички мерки служи како основа за зголемување на продуктивноста и квалитетот на тутунот. Истовремено, токму таа успешно одговара на прашањата за предизвиците во современото земјоделство. Со употребата на нови технологии и методи за работа, како и интегрирањето на најнови научни откритија, значително и сигурно се подобрува производниот процес, правејќи ја оваа индустрија поефикасна, поотпорна и одржлива.

Институтот се посветува на постојано збогатување како на агротехничките, така и на научните стандарди, што води кон подобар квалитет на тутунот. Овие достигнувања се издвојуваат како плодоносни, значително влијаејќи ѝ на македонската економија.

Вршејќи научна, истражувачка, апликативна, издавачка и производна дејност од областа на тутунопроизводството, институтот се профилира и важи за современа институција која нуди решенија за низата предизвици со кои животната средина се соочува.

Почитувани,

100 години постоење, еден век знаење, упорност и иновации е не само за вас, туку и за мене, голем успех, вреден за одбележување. Од срце и со ум Ви го честитам иако во животот не сум пробала тутун.

Ви посакувам извесна и сигурна иднина.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечената божествена литургија во Соборниот храм во Скопје

Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечената божествена литургија во Соборниот храм во Скопје

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод одбележувањето на Христовото раѓање – Божиќ, присуствуваше на Архиерејската Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, со којашто чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски,...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, господин господин Стефан и до...

Претседателката Сиљановска-Давкова првиот ден од Новата 2026 година го помина со припадниците на Армијата

Претседателката Сиљановска-Давкова првиот ден од Новата 2026 година го помина со припадниците на Армијата

Во духот на обновената традиција, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова првиот ден од Новата 2026 година го помина со припадниците на Армијата во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, придружувана од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник...

Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров по повод 14-годишнината од неговата смрт

Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров по повод 14-годишнината од неговата смрт

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје, положи свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров, по повод 14-годишнината од неговата смрт. [gallery...

Новогодишно интервју за весникот „Нова Македонија“

Новогодишно интервју за весникот „Нова Македонија“

Македонија преферира мултилатерализам,кој повикува на институционално решавање на проблемите, во согласност со меѓународните документи и правила Со претседателката Сиљановска-Давкова, во пријатна атмосфера во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“, разговаравме за...