Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

5 септември 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во вилата „Билјана“ во Охрид оствари средба со добитниците на признанието „Инженерски прстен“. На средбата присуствуваа и министерот за дигитална трансформација м-р Стефан Андоновски, претседателот на Инженерската институција на Македонија, д-р Андреј Лепавцов и претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, м-р Дејан Метикош.

Претседателката Сиљановска-Давкова уште еднаш им го честиташе престижното признание на младите инженери, истакнувајќи ја важноста на нивното знаење, стручност и потенцијал за идниот развој на државата. За неа, особено е важно да  создаваме услови најуспешните млади кадри да го остварат својот професионален потенцијал во земјава.

На средбата, лауреатите информираа за нивните професионални планови, ги изложија своите критички видувања за состојбите во државата, а особено во високото образование, укажувајќи на потребата од подобри услови за работа и професионален развој на инженерите, како претпоставка за нивно задржување во земјава.

Во бурната дебата се предложи унапредување на законската рамка за високото образование, во смисла на посоодветна евалуација на исклучителните успеси при изборот и вработувањата на универзитетите, како и навремено обезбедување подмладок и соодветен кадровски потенцијал, односно избегнување на генерацискиот вакуум.

Беа отворени низа прашања и предложени соодветни одговори за: јавната архитектура, како значаен сегмент од уредувањето на просторот и создавањето квалитетна средина за живеење; дата центрите, односот кон завршените, но не и ефектуирани проекти; лоцирањето фото-волтаици на плодно земјиште; забрзаниот одлив на најдобрите македонски инженери и други врвни кадри во соседството.

На средбата се разговараше и за перспективите на дигиталната агрономија. Инженерката од областа на агрономијата ја истакна важноста на примената на современите дигитални технологии во земјоделството и можностите што оваа област ги отвора за младите, особено за зголемување на приносите во оваа дејност со оглед на тоа дека државава има голем потенцијал за развој на оваа област.

Се укажа на нужноста за премин и апликација на европските стандарди (еврокодови), во државната регулатива и македонската пракса.

Министерот Андоновски ја објасни офанзивата на дигитализацијата, а претседателот на Комората, Метикош, упати покана за експертски настан за примената на стандардите, којшто ќе се одржи на крајот на септември.

Младите инженери посочија дека се спремни да прифатат професионални позиции во земјава и превземање одговорност за нејзиниот технолошки развој.

На крајот од разговорот, претседателката Сиљановска-Давкова предложи воспоставување база на добитниците на признанието „Инженерски прстен“, која би овозможила подобро поврзување на успешните инженери и нивно вклучување во развојни процеси и проекти во различни инженерски области.

Таа, уште еднаш потенцираше дека знаењето, стручноста и иновативниот потенцијал на младите инженери се значаен ресурс за државата и дека нивното активно вклучување во образовниот, научниот и апликативниот технолошки процес е важна заедничка обврска на институциите, академската и професионалната заедница.

“Доколку сакаме развиена држава, мораме да им дадеме простор на младите инженери да создаваат тука”, истакна Претседателката.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и...

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Европскиот парламент во Брисел, оствари средба со европратениците Дан Барна (Renew, Романија), Тајс Ројтен (СД, Холандија), Матеј Тонин (ЕПП, Словенија) и Карло Реслер (ЕПП, Хрватска). ...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и...

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како Врховна командантка на вооружените сили, придружена од македонскиот амбасадор во НАТО, Муртезани, и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, во седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа,...

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST). Предмет на...