Изјава за медиумите и одговори на новинарски прашања на прес-конференцијата на претседателката Сиљановска-Давкова со хрватскиот претседател Милановиќ

7 мај 2025 | Интервјуа

Претседателката Сиљановска-Давкова: Еве уште еднаш и јавно: благодарност до претседателот Милановиќ за посетата. Благодарност за разбирањето и за пријателскиот однос на Хрватска. Благодарност за советите, мислам дека се многу корисни. А што да кажам за односите меѓу двете држави? – традиционално пријателски. Да повторам дека никогаш нема да заборавиме дека во 2020 година за времето на хрватското претседателство со ЕУ го направивме чекорот заедно со Албанија. Тоа е знак на разбирање, знак на поддршка. Јас и претседателот, како и претходно, рековме дека односите во сите сфери одат напред. Се разбира дека може да се развиваат. Хрватска и покрај тоа што е членка на Европската Унија, има разбирање за регионалните потреби, има разбирање за Западен Балкан – многу пати претседателот повторува дека сме географски, културно и историски дел од Европа.

Што да кажам за нашето чекање за Европската Унија? Копенхагенските критериуми се тие што од нас ќе направат стандардна, европска, досадна држава, дека ветото не е пријателски инструмент и дека очекувам разбирање. Се разбира, ние мораме да ја тераме државната агенда, бидејќи легитимитетот ни извира од граѓаните. Кога го велам ова, мислам економски, културно, образовно и научно, да се развиваме. Скринингот покажува дека ние сме многу напред во хармонизирањето со акито (Acquis communautaire). Нашите проблеми се од друга природа, тие се врзани за историјата, за перцепцијата на културата, па дури и за јазикот, нешта за коишто не се разговара и преговара. Но, да повторам: ветото ќе предизвикува проблеми и нема да бидеме осамен случај. Ние инсистираме и си го бараме местото во ЕУ според копенхагенските критериуми. Да речам дека се надевам утре да наидеме на разбирање – ќе згрешам. Да, разбирање од Хрватска, да, разбирање од Словенија, но мислам дека се важни и односите со другите соседи. Очекувам да исчекориме и во тој поглед. Уште еднаш, благодарам за посетата и на разбирањето на претседателот на Хрватска.

Новинарско прашање: Со оглед на тоа дека Бугарија ги забавува преговорите и траат повеќе од 20 години, дали поддршката на граѓаните сè уште е поголема од 70%, дали стојат на тоа?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Да, се разбира. Јас затоа и ја спомнав нашата постојана хармонизација и мислам дека тука сме извонредни. И сите анкети покажуваат, се разбира, дека нешто што е нормално е да влеземе и политички во ЕУ, бидејќи географски, историски и културно отсекогаш сме биле дел од ЕУ. Логично е, ако сте добиле речиси дваесетина позитивни извештаи од Европскиот Парламент и Европската Комисија дека тие се сериозни и дека имало причина за препораката, но Советот, значи велел „не“ на толку многу „да“. Не заради неисполнувањето на Копенхагенските критериуми, туку еве во овие 20 години заради прашања што на некој начин значат и бараат ревизија на историјата и покрај тоа што, знам дека многу, многу интелектуалци од просторите на бивша Југославија повикуваа на опасноста од ревизија на историјата. Има нешта за кои можете да преговарате бидејќи се рационални и бидејќи се врзани за мерит – системот, има нешта за кои не можете да ги исклучите емоциите и тогаш е тоа ирационално, како љубовта.

Затоа да, граѓаните сѐ уште знаат дека она што било искрена и јасно определена заложба уште на самитот во Солун, 20 години потоа нелогично е да го вратите назад. Да, граѓаните се за тоа, но како што рече претседателот на Хрватска, човек мора да мери понекогаш, да се соочи со прашањето дали досегашните отстапки довеле до исчекор и дали ова е крај на отстапувањата по кои ние станавме препознатливи или пак нема. Јас и денеска повторив, разговарале и разговараат и Полска и Германија и Франција и Германија, да, во комисии, ама разговараат, се слушаат, ги изнесуваат своите аргументи за да се разберат, ама не поставуваат ултиматуми, не уценуваат.

Впрочем, во Договорот за пријателство и добрососедство нема во ниту еден член одредба која вели дека треба да посегнеме по уставни измени. Јас денеска повторно го посочив Преспанскиот договор од членот 7, став во којшто се вели дека името Македонија за  втората страна, таа безимената, инаку во правото секој знае дека без титулар нема договор, ама еве и таков договор има. Значи означува територија на народ со сопствена историја, култура и јазик. За што разговараат комисиите, бугарско -македонската? За историја, култура, па и за јазик.  Во таа смисла јас споменав нешто што сè постојано ни го кажуваат, pacta sunt servanda. Во договорот нема такво нешто. Прашање е сега дали можете вие протокол или записник да третирате како извор на право во преговарачката рамка и да треба тоа да го спроведувате. Значи, ако е тоа така напишано во Преспанскиот договор, тогаш прашањето за историјата, за културата, јазикот е ad acta, значи тоа е апсолвирано прашање. И кога ова го тврдам, јас секогаш одам на преамбулата на Лисабонскиот договор, на Договорот за ЕУ, Повелбата за фундаменталните права на ЕУ. Таму јасно пишува дека ЕУ ќе го почитува националниот и културниот идентитет. Претпоставувам не само на членките, туку на сите држави, оти тоа е логично, дигнитетот и интегритетот, понатаму уставните и политичките структури. ЕУ ја потпиша Повелбата на Обединетите Нации, таму е правото на самоопределување, низ таа призма гледам, значи граѓаните остануваат посветени. Да, ние сме биле дел и сакаме да го комплетираме патот кон ЕУ. 20 години потоа мислам дека заклучокот е дека последниот извештај не говори само за нас, за нашата подготвеност, туку говори и за Европската Унија, за односот парламент, комисија и совет. 

Новинарско прашање: Најавени се посети на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта негде кон средината на мај, а потоа и на еврокомесарката за проширување, Марта Кос. Што може да се очекува од овие посети и како може да придонесат на пристапниот процес на Македонија кон ЕУ?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Искрено не би можела да предвидам. Сакам прво да ги чујам обајцата, бидејќи јас го изложив мојот став. Тој е тој. Значи, се разбира дека ќе разговараме за можни излезни решенија од состојбата во којашто се наоѓаме. Не сакам да ја наречам „Прокрустова постела“, меѓутоа навистина ова е неодржлива состојба којашто не говори само за нас, туку реков и за кредибилитетот и интегритетот на Европската Унија во една од најважните области – областа на проширувањето. Значи, нека дојдат. Веројатно, по разговорот ќе имам можност, врз основа на чуеното, врз основа на укажаното, да го изнесам мојот став, а се разбира и тие ќе можат да ви кажат што сме разговарале и како гледаат на состојбата за која денеска јас зборував.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Младите, евроинтеграцијата и меѓународните принципи – теми на билатералните средби на Сиљановска-Давкова на маргините на Астана форумот

Младите, евроинтеграцијата и меѓународните принципи – теми на билатералните средби на Сиљановска-Давкова на маргините на Астана форумот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Меѓународниот Астана форум, Казахстан оствари средби со Бан Ки Мун, поранешен Генерален Секретар на Обединетите Нации и актуелен претседавач со Советот на Институтот за глобален зелен раст, со Кристоф Хојсген...

Сиљановска-Давкова од Астана Форумот: Потребен ни е свет што проблемите ќе ги решава со принципи, а не со моќ

Сиљановска-Давкова од Астана Форумот: Потребен ни е свет што проблемите ќе ги решава со принципи, а не со моќ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на отворањето на Меѓународниот Астана форум 2025, што денеска и утре се одржува во главниот град на Република Казахстан на тема „Поврзување на умовите, обликување на иднината“. [gallery...

Средба Сиљановска-Давкова – Токајев во Астана, изразена подготвеност за унапредување на севкупните односи со Казахстан

Средба Сиљановска-Давкова – Токајев во Астана, изразена подготвеност за унапредување на севкупните односи со Казахстан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токајев во резиденцијата „Акорда“ во Астана, на која што се разговараше за севкупниот развој на односите меѓу двете држави кои се кооперативни и...

Сиљановска-Давкова во работна посета на Република Казахстан

Сиљановска-Давкова во работна посета на Република Казахстан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Република Казахстан каде што утре, 28 мај, среда, ќе оствари средба со претседателот Касим-Жомарт Токајев и ќе учествува на Меѓународниот форум „Астана 2025“. Во четврток, 29 мај,...

Средба на Сиљановска-Давкова со италијанскиот претседател Матарела: Не смее да бидеме жртва на идентитетски прашања

Средба на Сиљановска-Давкова со италијанскиот претседател Матарела: Не смее да бидеме жртва на идентитетски прашања

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Рим оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела, на која беше истакнато дека Италија е наш важен политички и економски партнер. Соговорниците разговараа за...