Изјава за медиуми по средбата со генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш и работниот ручек приреден од Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас

24 септември 2025 | Интервјуа

Новинарско прашање: Претседателке, денеска имавте средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, г. Антонио Гутереш. Од Обединетите Нации имаме информација дека сме добиле силна поддршка од г. Гутереш. Ве молам коментар за средбата и конкретно за поддршката.

Сиљановска-Давкова: Средбата не беше од отворен карактер, меѓутоа покрај мене беа и двајцата министри – министерот за надворешни работи и министерот за евроинтеграции. Господинот Гутереш изрази целосна солидарност со нас и целосна поддршка и обете ги врза за нашите демократски чекори, особено и за способноста за менаџирање на меѓуетничките односи. Рече дека стои зад нас и дека ова секаде ќе го повторува. Се разбира, добро е да чуете ваков став и да добиете поддршка од првиот човек на Обединетите Нации, заради неговото богато дипломатско искуство, во кое и ние сме биле вклучени како земја којашто кога имала проблеми, се нашла на дневниот ред на неговата агенда.

Новинарско прашање: Во говорите што ги имате велите дека она што се Обединетите Нации за светот, тоа е Европската Унија за Европа. Имавте средба со г-ѓата Калас и со колегите од Европа и од Западен Балкан. Како ги коментирате двојните стандарди што ги манифестира Европската Унија, конкретно кога станува збор за мали држави како нашата?

Сиљановска-Давкова: Сте чуле како ги коментирам јас двојните стандарди и минатата година, укажувам на ставање крај на двојните стандарди, бидејќи тоа не е европски манир, не е европска пракса, не би требало да биде европска пракса. Значи за мене е антиевропско однесување, но постојано се практикува во Европската Унија. Се разбира дека јас и денеска со г-ѓата Калас укажав на овој проблем, но предупредив дека проблемот нема да застане на нас, дека веќе се наѕира и во поглед на Молдавија и во поглед на Украина и дека ЕУ не е само прашање на проширување, туку дека влегувањето на Западен Балкан или реинтеграцијата на Западен Балкан во Европа, односно во моментов во ЕУ, кадешто географски, историски и културно со векови припаѓала, ќе биде многу важен лек против безбедносните дилеми што веќе се наѕираат. На потег се тие. Се разбира, како и секогаш, реков дека во тешки моменти Европската Унија успевала да биде многу креативна и можеби е сега предизвикот голем. Исто така реков дека е важно Западниот Балкан, иако сеуште не знам што значи оваа синтагма, да бидам искрена, да го перцепира како целина и дека ако има расчекор во чекорењето меѓу земјите од Западен Балкан, дека тоа може да предизвика дополнително поделби наместо обединување.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата...

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, 24 март 2026 година, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...