Одговори на новинарски прашања по отворањето на Центарот за дневен престој за лица со попреченост и индивидуален третман „Во мојот свет“, во општината Ѓорче Петров, Скопје

21 мај 2026 | Соопштенија

Новинарско прашање: Колку е значајно отворањето на вакви центри за самата општина и дали може да очекуваме низ целата држава да се прошири оваа иницијатива?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Особено сум среќна, бидејќи идејата ми беше одамна позната. Навистина „Во мојот свет“ да се влезе, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет. Благодарност до здружението, благодарност до градоначалникот, кој наместо со згради, реши овој простор на некогашната општина да остане место каде што ќе доаѓаат сите, место каде што децата со аутизм, ќе градат заеднички свет со сите други. Очекувам да биде инспирација. Изразувам посебна благодарност до  бугарската амбасада и до бугарската држава за помошта, којшто не е прва, туку една од многуте. И денеска чувме од амбасадорот подготвеност за понатамошна поддршка на слични проекти. Исто така, изразувам посебна благодарност до фондацијата „Механџиски“ за нејзината континуирана хумана поддршка. Восхитена сум од персоналот и од нивниот ентузијазам. Ова е убав простор и посакувам да се формира мрежа на слични.

Новинарско прашање: Во изминатите денови во медиумите имаше наводи за наводна шпиунска афера во вашиот Кабинет. ОЈО вчера потврди дека отвориле предистражна постапка. Вашиот коментар?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Прво квалификацијата, шпиунска афера и слично, не сакам да ја коментирам. Второ, кога зборуваме за предистражна постапка, јас нема да ги заборавам зборовите на мојот професор Никола Матовски, професор по кривична постапка, тој велеше дека во предистражната постапка малку се зборува, многу се работи, односно се собираат информации. Јас никогаш не ги толкувам постапките на другите органи, ја почитувам поделбата на власта, но не можам, а да не кажам дека малку сум збунета со одговорите на новинарските прашања, или со објавите кои доаѓаат токму од Обвинителството за организиран криминал, во коишто се објаснува нивната комуникација со Министерството за внатрешни работи. Не, не бегам од изјави, меѓутоа мислам дека треба да се почитуваат одредбите од законот за кривична постапка и во поглед на презумпцијата на невиност, но како што реков и во поглед на собирање на податоци и евентуално отворање на кривична постапка.

Новинарско прашање: Како ја коментирате изјавата на Венко Филипче дека сте паднале на испитот во Словенија, дека со вашите ставови изнесени таму ја слабеете нашата позиција во евроинтеграциите?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Не знам дали да коментирам такви изјави. Никогаш не сум паднала на испит, ни на факултет, а во Словенија докторскиот испит сум го положила со одлика, значи со највисок успех. Пред мене беа сите членови на мојата докторска комисија, иако се тоа луѓе со многу години, моите колеги исто така, амбасадори, јас говорев на научен јазик, говорев за уставниот инженеринг, којшто не е нов феномен, којшто е стар феномен, меѓутоа студијата на случај се разбира беше мојата земја. Никогаш и никаде јас не сум ја претставила државата на начин каков што не доликува. Секогаш сум ги бранeла националните интереси, преку политика заснована на докази, никаде не се чувствувам инфериорно. Она што го посакувам е да бидеме третирани како сите други држави, и она на што потсетувам е мојата страст – Уставното право. Европската Унија нема кодифициран устав, но има уставни документи. Јас сум предавала и Европско уставно право, и се разбира, дека повикувам на основните принципи и вредности, коишто се толку важни за Европската Унија, што за нив има и судска заштита.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“. Сиљановска-Давкова се обрати на панел...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026 година, четврток, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска. На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија,...

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во...

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби за климатска акција и ја нагласи потребата од праведна транзиција кон чиста енергија. [gallery...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска - 11 ноември 2026 година, среда, во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени....