Претседателот Пендаровски се обрати на отворањето на изложбата „Сите наши солзи“

12 октомври 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на отворањето на изложбата „Сите наши солзи“, што се одржа во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје.

Изложбата на која беа претставени 34 фотографии направени на локации во Северна Македонија, Косово и Србија е посветена на цивилните жртви од војните на овие простори.

Претседателот Пендаровски во обраќањето посочи дека оваа изложба, покрај вредноста на автентичните и оригинални фотографии, кои во себе ја инкорпорираат уметничката и документаристичката перспектива, носи и длабока порака низ која се потсетуваме и соочуваме со неправдите и страдањата во еден историско-политички контекст, а што нѐ поттикнува да размислуваме за потребата и важноста од конструктивното соочување со раните на минатото преку изнаоѓање модели на помирување.

„Војните на територијата на поранешна Југославија оставија длабоки последици по нашите општества, кои и ден денес се чувствуваат, отсликувајќи ја трагедијата и комплексноста на конфликтите. Како последица на овие војни, имаме многу жртви кои немаат гроб. Според одредени статистики околу 14.000 лица сè уште се водат како исчезнати од војните во периодот од 1991 до 2001 година. Имаме многу семејства кои речиси три децении сè уште трагаат по вистината и по правдата. Поддршката на нивните напори за утврдување на судбината на нивните блиски, истовремено значи и оддавање почит кон жртвите, кон семејствата, но и кон нашите општества во целост“, рече во обраќањето претседателот Пендаровски.

Тој додаде дека оваа поставка ја запознава јавноста со мал дел од многуте сведоштва на преживеаните, како и со сведоштвата на семејствата на жртвите и настраданите и истакна дека поддршката на сите засегнати групи од конфликтите во нашиот регион, претставува признание за нивните страдања и поддршка на процесот на соочување со минатото.

„Изложбата „Сите наши солзи“ навистина поттикнува тажни, тешки и болни сеќавања, емоции и солзи кај секој од нас. Фотографиите околу нас, од кои извираат реални доживувања, нека бидат потсетник, никогаш да не се заборават воените злосторства кои се вбројуваат меѓу најужасните во историјата на современа Европа. За жал, не можам да кажам „никогаш и да не се повторат“, бидејќи денес во 21 век, кога сите бевме длабоко уверени дека епохата на војни е завршена, повторно сме сведоци на војна на тлото на нашиот континент. Војната во Украина нè потсети на овие свежи страдања низ кои поминаа граѓаните од нашите краишта, и нè потсети дека заложбите за обединување, помирување и меѓусебна поддршка треба да бидат посилни од кога било“, посочи во обраќањето претседателот Пендаровски.

Автори на изложбата се фоторепортерите Арбнора Мехмети и Наке Батев од Северна Македонија, Борислав Пешиќ од Србија и Аде Мула од Косово, а истата е во организација на конзорциум од мировни организации од Холандија, САД, Србија, Косово и Северна Македонија.

Претседателот упати честитки до авторите кои преку нивните објективи овозможија цивилните жртви од војните да добијат простор и можност, нивните приказни и пораки да допрат до јавноста, и да опоменат дека на човештвото не му е достојно насилството туку дијалогот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија се одржа дискусија на тема „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи? - лекции од Соединетите Американски Држави“, во организација на Претседателскиот центар за политичко...

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...