Претседателот Пендаровски домаќин на изложбата „Лабораторија од минатото за иднината:Приказни за Летната школа по архитектура во манастирот Св. Јоаким Осоговски, 1992-2017“

15 декември 2023 | Обраќања, Соопштенија

Во Кабинетот на претседателот денеска свечено беше отворена изложбата „Лабораторија од минатото за иднината: Приказни за Летната школа по архитектура во манастирот Св. Јоаким Осоговски, 1992-2017“ со која се претстави нашата држава на 18. Меѓународна изложба на архитектурата во Венеција – Венециско биенале 2023.

„Познавачите знаат дека учеството на венецијанското архитектонско биенале подразбира сериозен авторски и организациски ангажман. Ние не сме голема, моќна и богата земја, но, без било каква дилема имаме традиција, култура, уметност и архитектура на највисоко ниво. Имаме креативци и автори кои имаат што да му кажат и покажат на светот. И сево ова треба да го негуваме и подржуваме. Морална обврска на секој од нас е во рамките на нашите можности, а, на секоја институција законска обврска е, согласно надлежностите, да работиме на афирмација на македонската архитектура и на македонските автори“, истакна во обраќањето претседателот Стево Пендаровски, како домаќин на изложбата.

Носител на проектот, којшто со поддршка на Министерството за култура беше претставен на Венециското биенале на архитектура, е Ива Петрунова од здружението „Градот убав“.

На свеченото отворање свои обраќање имаа директорката на Национална галерија, Дита Старова Ќерими, како комесар на проектот, Минас Бакалчев, еден од авторите и Марија Петрова, една од кураторите.

Останати куратори на изложбата се Александар Петановски, Димитар Крстески, Дарко Драгановски и Горан Петров, a останати излагачи во поставката се Митко Хаџи-Пуља, Александар Радевски, Саша Тасиќ и Димитар Папастеревски.

Почитувани автори,

Почитувани гости,

Дами и господа,

Претставува особена чест што по само 6 месеци по поставката во Венеција, во рамките на 18. Меѓународна изложба на архитектура, изложбата „Лабораторија од минатото за иднината: Приказни за Летната школа за архитектура во манастирот Свети Јоаким Осоговски, 1992 – 2017“,во нашите простории ја претставуваме и на македонската јавност.

Како и со секој од серијата културни и уметнички настани во изминатите 4 и пол години кои се одвиваа на овој простор, така и сега, верувам дека со тоа придонесуваме за дополнителна промоција и афирмација на македонските креативни автори и уметници, кои тоа бездруго го заслужуваат.

Со претставувањето на годинешниот македонски национален претставник на 18-тата Интернационална изложба на архитектура во Венеција, верувам дека на најсоодветен начин ја испраќаме оваа година, гледајќи со поголем оптимизам и верба кон новата 2024 година.

Имено, во корелација со насловот на изложбата, од минатото за иднината, нека ова богатство, оваа убавина биде наш влог за едно време, кое, да се надеваме, ќе биде посреќно од денешново. Токму архитектурата поседува содржина, тежина и значење што трае низ вековите. Или, како што вели еден од најпознатите архитекти на нашето време, Френк Гери, „Архитектурата треба да ги опишува времето и местото, но и да се стреми кон неминливост.“

Верувам, не е претерано ако кажеме дека нашите архитекти, нашите уметници, создаваат вечност и неминливост.

Почитувани,

Познавачите знаат дека учеството на венецијанското архитектонско биенале подразбира сериозен авторски и организациски ангажман. Годинава, дефинитивно, бевме соодветно претставени и затоа би сакал да се заблагодарам на авторите, на Министерството за култура, на комесарот на изложбата, на кураторите и на сите кои на било каков начин беа инволвирани во креирањето и поставувањето на изложбата.

Ние не сме голема, моќна и богата земја, но, без било каква дилема имаме традиција, култура, уметност и архитектура на највисоко ниво. Имаме креативци и автори кои имаат што да му кажат и покажат на светот. И сево ова треба да го негуваме и поддржуваме.

Морална обврска на секој од нас е во рамките на нашите можности, а, на секоја институција законска обврска е, согласно надлежностите, да работиме на афирмација на македонската архитектура и на македонските автори.

Тука би го завршил моето обраќање и би ве поканил да ја погледнете изложбата.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...