Јавен повик за пријавување на кандидати за волонтирање

10 јуни 2026 | Соопштенија

Врз основа на член 4 од Програмата за волонтирање во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија за 2026 година, објавуваме

ЈАВЕН ПОВИК

за пријавување на кандидати за волонтирање

Ги повикуваме заинтересираните кандидати да се пријават на јавниот повик за волонтирање во Народната канцеларија на Претседателот.

Кабинетот има потреба од ангажирање на 10 волонтери за вршење на активности утврдени во член 3 од Законот за волонтерство.

Заинтересирани кандидати треба да приложат:

–       кратка биографија и

–       мотивационо писмо

Селекцијата на волонтерите ќе ја изврши Комисија за селекција на волонтери во Кабинетот, а селектираните ќе бидат контактирани.

Волонтерскиот ангажман се заснова врз основа на договор за волонтирање за период од најмногу 6 (шест) месеци. По завршување на волонтирањето, Кабинетот на претседателот нема обврска за вработување на волонтерите.

Волонтерите имаат право на надоместок на трошоци за храна и за превоз до и од местото на волонтирањето во висина до 15% од просечната месечна плата во Републиката исплатена за претходната година.

Рокот за доставувањето на пријавите со потребните документи е 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот на веб страницата на Претседателот, заклучно со 17.06.2026 година до 15:00 часот.

Зaинтересираните кандидати треба да ги достават потребните документи до архивата на Кабинетот на претседателот или пo пошта на следнава адреса: Кабинет на претседателот на Република Северна Македонија, ул. „Ацо Караманов” бр. 33А, 1000 Скопје (со назнака „за јавен повик за волонтери”).

Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“, посветена на регионалната соработка и европската перспектива на земјите од Западен Балкан. [gallery...

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и...

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Европскиот парламент во Брисел, оствари средба со европратениците Дан Барна (Renew, Романија), Тајс Ројтен (СД, Холандија), Матеј Тонин (ЕПП, Словенија) и Карло Реслер (ЕПП, Хрватска). ...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и...

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како Врховна командантка на вооружените сили, придружена од македонскиот амбасадор во НАТО, Муртезани, и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, во седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа,...