Претседателката Сиљановска Давкова го прими јапонскиот амбасадор, Оцуко Казуја

24 јуни 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Јапонија, Оцуко Казуја.

На средбата беше потенциран интересот за натамошното јакнење на соработката и зближувањето меѓу двете земји и народи, при што претседателката Сиљановска Давкова изрази очекување за интензивирање на политичкиот дијалог со Јапонија во иднина, со цел унапредување на меѓусебно разбирање и соработка на политички, економски и културен план.

Во тој контекст беа поздравени проектите од Јапонската иницијатива за соработка со државите од регионов, кои се очекува дополнително да го унапредат развојот на економските односи и да го зголемат интересот на јапонската бизнис заедницата за инвестирање во земјава.

Во разговорот со јапонскиот амбасадор, Претседателката изрази поддршка за сите поголеми активности и иницијативи со цел продлабочување на билатералната соработка во сферата на културата, образованието и науката и го поздрави македонското учество на Осака ЕКСПО 2025.

Претседателката Сиљановска Давкова упати благодарност до Јапонија, како една од најголемите билатерални донатори во нашата земја, за континуираната поддршка во областа на образованието и здравството, преку проектите за техничка соработка, грантови и донации.

На средбата, беше посочено дека годинава се одбележува 30 годишнината од воспоставување на дипломатските односи и 100 годишнината од раѓањето на познатиот архитект Кензо Танге, кој учествуваше во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на презентацијата на способностите на Армијата во Штип

Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на презентацијата на способностите на Армијата во Штип

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на врховна командантка на вооружените сили, заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во Штип присуствуваше на презентацијата на воената опрема, како и на...

Сиљановска-Давкова: Културната дипломатија е незаменлив дијалог, и во мир, и во криза

Сиљановска-Давкова: Културната дипломатија е незаменлив дијалог, и во мир, и во криза

Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова, вечерва ги прими и се обрати пред учесниците на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026, којшто се одржува на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“. Според неа, во...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи и до сите верници од исламска вероисповед. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова пред учесниците на „Re:Europe: Rethinking Europe Together“: Европа треба да биде заедница на вредности и принципи, а не на двојни стандарди

Сиљановска-Давкова пред учесниците на „Re:Europe: Rethinking Europe Together“: Европа треба да биде заедница на вредности и принципи, а не на двојни стандарди

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати пред учесниците на летната школа „Re:Europe: Rethinking Europe Together“, проект финансиран од Канцеларијата за француско-германско пријателство, имплементиран од Парискиот Институт за политички науки при...

Средба на Сиљановска-Давкова со учесници вклучени во програмата „Конекција Оксфорд“

Средба на Сиљановска-Давкова со учесници вклучени во програмата „Конекција Оксфорд“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците вклучени во програмата „Конекција Оксфорд“, Џеј Јакуб, извршен директор на Фондацијата за економија на заемноста, Мајкл Рамзден, предавач, како и креаторите на програмата, Костаке Милков,...