Средба на претседателот Пендаровски со почесниот конзул Зоран Ќосески

12 јуни 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Зоран Ќосески, почесен конзул на Република Северна Македонија во Австралија.

На средбата се разговараше за македонско-австралиските релации кои се карактеризираат со позитивна динамика од нивното воспоставување и добри релации кои се развиваат преку соработката на нашите институции и македонската заедница која е присутна во Австралија повеќе децении.

Почесниот конзул Ќосески го информираше претседателот Пендаровски за неговите активности како почесен конзул и долгогодишен активист за поголема видливост на македонската заедница во Австралија и можностите за отворање на нови полиња на соработка меѓу двете држави и народи.

Претседателот Пендаровски ја реафирмираше подготвеноста на нашата држава за динамизирање на билатералниот политички дијалог со Австралија, како и интензивирање на нашите контакти во рамките на мултилатералните организации, а посочи и на интересот за интензивирање на економската соработка и унапредување на трговската размена.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...