Обраќање на претседателот Пендаровски по повод возобновување на „Клубот на одговорни бизниси“

16 септември 2023 | Обраќања

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер се обрати по повод возобновувањето на „Клубот на одговорни бизниси“ на здружението „Конект“, што се одржа под негово покровителство, а како дел од проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“.

Возобновувањето на „Клубот на одговорни бизниси“ е со цел обединување на бизнисите заеднички да практикуваат општествена одговорност во соработка со граѓанските организации, што претставува значаен двигател на одржливиот развој на општеството, и истовремено нуди можност за унапредување на улогата на бизнис лидерите како активни чинители за позитивни промени во нивните заедници.

На настанот се обратија и претставничката на канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, Џери Дајбл и извршната директорка на здружението „Конект“, Никица Кусиникова.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот Пендаровски.

Почитувана преставничка на канцеларијата на УСАИД во Скопје,

Почитувана извршна директоркa на Здружението „Конект“,

Почитуван претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија,

Почитувани претставници на бизнис заедницата,

Почитувани гости, драги пријатели.

Дозволете, пред се, да ви посакам добредојде на овој навистина значаен настан. Имено, станува збор за обновување на Клубот на одговорни бизниси, кој,  меѓу другото има задача да им помага на бизнис лидерите да ги унапредуваат своите практики за општествена одговорност и филантропија, со што, даваат придонес кон одржливиот развој и прогрес на пошироката заедница во која тие и самите живеат.

Обновувањето на клубот е во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, кој има за цел јакнење на правните и институционалните системи кои ја поттикнуваат културата на филантропијата и хуманизмот. Корпоративната одговорност е специфика на секоја сериозна компанија. Во развиените земји на светот традицијата на корпоративна одговорност и филантропија е длабоко втемелена во основните постулати на  делувањето на бизнис заедницата и од неа корист има  целото општество.

За жал, тоа што во развиените земји е долга традиција, кај нас се уште е во почетните фази од развојот и оттука, навистина е потребна сета можна поддршка на овие процеси. Верувам дека целите на проектот „Партнерства за донирање“, а, тие се: да се зголеми нивото и опфатот на донирањето од страна на корпорациите и поединците во земјата, и во исто време, да се намали зависноста од странските донатори, заедно со намерата да се поттикнат хуманите поединци, а бизнисите да наменат барем 2% од  годишниот обрт за развојот на заедницата, се апсолутно остварливи. Се разбира, за остварување на било која цел е потребна верба, посветеност и меѓусебна соработка, а, здружени можеме да направиме разлика.

Почитувани,

Денес со нас се претставници на значајни македонски компании кои ќе се приклучат на клубот и кои со својот потпис ќе ја искажат својата определба за активно вклучување во поддршка на заедницата. Во наредниот период, очекувам уште многу други економски субјекти да се придружат и на суштински начин да придонесат за просперитетот и напредокот на нашата заедничка татковина.

И до сега сме имале повеќе успешни поединечни примери на учество во различни проекти, на бизнис заедницата, во партнерство со граѓанските организации и лидерите во локалните средини, со кои се придонесува за подобар квалитет на животот на граѓаните. Сепак, од суштинска важност е во стратешки и стручни програми да ги здружиме силите на сите општествено одговорни компании со вистинските партнери во граѓанскиот сектор, институциите и поединци- истомисленици, затоа што таквиот модел е далеку поефикасен.

Токму во тоа и ја гледам додадената вредност на Клубот на одговорни бизниси, кому му посакувам успех во работата и реализација  на зацртаните цели, за општото добро на сите нас.

Ви  благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на конференцијата „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности – Редизајнирање на макроекономската политика“

Обраќање на конференцијата „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности – Редизајнирање на макроекономската политика“

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на 9. Меѓународна истражувачка конференција на тема „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности - Редизајнирање на макроекономската политика“ што во организација на Народната банка на...

Меморандум за соработка за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје

Меморандум за соработка за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а по иницијатива на сопругата на Претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска, Амбасадата на Народна Република Кина во земјава обезбеди финансиски средства кои ќе бидат донирани на Министерството за здравство за...

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, денеска прими делегација на истакнати припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа Џелал Хоџиќ,...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Почитувани, Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...