Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“

1 април 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците на годинешната програма „Конекција Оксфорд“.

На средбата присуствуваа д-р Костаке Милков, претседател на Балканскиот институт за вера и култура и организатор на „Конекција Оксфорд”, м-р Нада Милкова, директор на „Метаноја“ и учесниците: проф. д-р Лорна Смит, проф. д-р Најџел Крук, д-р Даниел Ваткис, д-р Кетрин Фунг и Бетан Вилис, како и проф. д-р Валентин Мирчески.

Потенцирајќи дека програмата е уникатна за нашата земја, претседателката рече дека имала задоволство да се сретне со некои од истакнатите говорници од претходните програми на „Конекција Оксфорд“. За мала земја како нашата, истакна таа, особена чест е со години наназад да не посетуваат професори и студенти од еден од најстарите светски универзитети. Нивното присуство, нагласи таа, на македонските студенти и академици им овозможува, не само пристап до светската научна литература, туку и можност за средба со авторите – научници чиј потпис стои на книгите. На тој начин тие ги прошируваат своите хоризонти, но и градат мостови на соработка.

Говорејќи секој од својот домен, гостите зборуваа за промените коишто сакаат да ги видат кај луѓето, како и на кој начин да се реформира едукативниот систем, имајќи предвид дека светот многу бргу се менува и сите мора да се адаптираме на новото време.

Претседателот на Балканскиот институт за вера и култура Милков, посочи дека целта на програмата „Конекција Оксфорд” е да ги поврзе релевантните македонски институции со оваа водечка високо-образовна институција. Од 2011 година до денес, преку оваа програма на македонските универзитети, како и во МАНУ над 100 професори, предавачи и докторанти од Оксфорд имаа можност да ги образложат своите тековни истражувања во повеќе области.

Претседателката, како професорка на најдобриот македонски универзитет, посочи дека жали што УКИМ опаѓа на универзитетската ранг листа на светот. „Мора да ги поддржуваме најдобрите, да се бориме за младите и да ги задржиме дома, бидејќи само тие можат да ни помогнат вистински да бидеме дел од Европската Унија“, рече таа и потенцираше дека токму затоа е инспиративна посетата на претставниците од Универзитетот Оксфорд. Таа ја истакна својата заложба за зголемување на процентот за образование и наука. „Образованието е канал преку којшто се пренесуваат идеите и идеалите од една генерација на друга. Затоа се вели дека училиштата и универзитетите се бедем на слободата и на независноста. Нашите современи херои треба да бидат учителите, наставниците и професорите“, додаде таа.

Инаку во моментов, во Обединетото Кралство вкупно 41 македонски државјанин го доусовршуваат своето образование на некој од престижните британски универзитети.

Годинава, „Конекција Оксфорд“ ќе се реализира од денеска до петок, 4 април.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, 24 март 2026 година, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...