Обраќање на претседателот Пендаровски на Меѓународната конференција „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“

19 септември 2023 | Обраќања

Претседателот Стево Пендаровски преку видео порака се обрати на учесниците на Меѓународната конференција „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“, во организација на Институтот за Социјална работа и социјална политика, што се одржува од 19 до 22 септември во Охрид.

Почитувани учесници на Меѓународната конференција,

Почитувани организатори,

Драги пријатели,  

 Најпрво, дозволете да ви се заблагодарам на честа да бидам покровител на оваа значајна конференција и на можноста да ви се обратам преку видео порака. За жал, поради тоа што во овој термин ја предводам македонската делегација на Генералното собрание на Обединетите нации, не сум во можност да бидам со вас во Охрид. Имајќи ја во предвид темата и пријавените учесници верувам дека конференцијата ќе биде успешна, со квалитетни панелисти и инспиративни излагања.

Самата тема на конференцијата имплицира дека живееме во време на бројни предизвици и генерална несигурност, која понекогаш, симплифицирано ја нарекуваме глобална криза.  Ковид пандемијата, а, потоа, енергетската и финансиската криза, заедно со актуелната руска инвазија врз Украина која отвори серија геополитички прашања, придонесоа да живееме во турбулентни времиња кои имаат ефект врз сите нас, а особено удираат врз најранливите категории. Токму во вакви ситуации е особено значајна социјалната работа, односно, социјалните политики кои треба да дадат соодветен одговор на кризата и да ги амортизираат последиците од неа.

Од листата на апстракти е видливо дека фокусот е врз навистина специфични и интересни теми кои го потврдуваат вашиот широк научен интерес и ги отсликуваат состојбите и потребите на нашите локални заедници и општества. Присутниот широк мултидисциплинарен пристап овозможува отворање на нови перспективи и нуди конкретни успешни примери за соочување со кризата во различни сегменти од нашиот актуелен социјален контекст.

Драги пријатели,

Во оваа прилика би сакал да ја споменам посветената работа и ангажманот на организаторот на конференцијата – Институтот за социјална работа и социјална политика кој претставува посебна работна единица на Филозофскиот факултет при УКИМ и кој одбележа шест и пол децении од формирањето, а догодина имате и уште еден значаен јубилеј,  30 години од започнувањето со постдипломските студии.

Низ оваа институција во изминатите децении поминаа врвни научници, професори, експерти кои оставија длабока трага во македонското општество. И во моментов институтот располага со одличен тим кој и понатаму овозможува високо квалитетна работа на институцијата. Впрочем и конференцијата која денес започнува е показател за реномето и значењето на институтот.

Ви посакувам и понатаму посветено да работите и да постигнувате успеси во вашата работа, пред се, во едукацијата и подготовката на соодветен кадар во областа на социјалната работа.

На крајот, дозволете уште еднаш да посакам успешна конференција, интересни дискусии и секако, пријатен престој во македонскиот Ерусалим.

Ви благодарам.

 

 

 

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Денеска Кабинетот на Претседателот, во рамки на активноста Отворен Кабинет, го посетија ученици од шесто одделение при ООУ „Григор Прличев“ од Скопје. За време на посетата, учениците беа запознаeни со историјатот на објектот во...

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“ организирана по повод Меѓународниот ден за еднакви плати. Говорејќи за значајноста на зајакнувањето на економската сигурност на жените во...

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Викендов во Кавадарци се одржа третиот модул на Школата за политики за 2023 година, при Претседателскиот центар за политичко образование. Третиот модул на Школата го отворија д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за...

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на затворањето на 44. издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Во своето обраќање, претседателот Пендаровски кој е...

Претседателот Пендаровски се сретна со мешовитиот стручен тим за конзервација и реставрација во црквата „Св.Ѓорѓија“ во с. Курбиново

Претседателот Пендаровски се сретна со мешовитиот стручен тим за конзервација и реставрација во црквата „Св.Ѓорѓија“ во с. Курбиново

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети црквата „Св. Ѓорѓија“ во с.Курбиново кадешто се одвива првата фаза од проектот за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во ентериерот на црквата којашто е ставена под заштита како културно-историски...