Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на главниот панел на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин

11 јуни 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Берлин, во рамки на учеството на Конференцијата за обнова на Украина се обрати на главниот панел за шефови на држави и влади на кои говореа и домаќините на конференцијата, германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски. На главниот панел присуствуваа и претседателите и премиери од Холандија, Норвешка, Финска, Литванија, Молдавија, Естонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Грузија.

Во обраќањето претседателката Сиљановска Давкова рече дека по Втората светска војна, Маршаловиот план, меѓу другото, беше израз на солидарност кон разрушената Европа, а денес е неопходен нов вид Маршалов план за разрушената Украина.

Според претседателката, неопходно е инвестирање не само во патната и во енергетската инфраструктура, туку и во човечката, образовна, социјална и нормативна инфраструктура.

На сесијата позитивно беше оценета постоечката заедничка европска позиција дека треба да продолжи сеопфатната помош за Украина.

Претходно, претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на отворањето на конференцијата, на кое свои обраќања имаа германскиот канцелар Олаф Шолц, украинскиот претседател Володимир Зеленски, и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен.

Конференцијата е продолжение на серијата годишни настани на високо ниво посветени на брзо закрепнување и долготрајна реконструкција на Украина, по почетокот на руската воена агресија. Клучна цел на настанот е да се обезбеди континуирана меѓународна поддршка за обнова, реконструкција, реформи и модернизација на Украина.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година во Будимпешта. ...

Сиљановска-Давкова во Будимпешта на средба со унгарскиот претседател, Бака

Сиљановска-Давкова во Будимпешта на средба со унгарскиот претседател, Бака

По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Будимпешта присуствуваше на работниот ручек, којшто за шефовите на делегациите го приреди претседателот на Унгарија, Андраш Бака. [gallery...

Сиљановска-Давкова во Будимпешта се сретна со претставници на македонската дијаспора

Сиљановска-Давкова во Будимпешта се сретна со претставници на македонската дијаспора

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во Будимпешта по повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956, утрово се сретна со претставници на македонската дијаспора. ...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Почитувани сограѓани, Партизаните и ние, нивните потомци, не случајно се повикуваме на Илинденското востание и на комитите. Впрочем, не можеме да говориме за ослободувањето на татковината, а да ја премолчиме или да ја занемариме саможртвата на оние што со натчовечки...

Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956, во Будимпешта

Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956, во Будимпешта

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре (23 октомври 2026 година, петок) во Будимпешта ќе присуствува на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година. Во рамките на меѓународната програма ќе се одржи свечена седница на Националното...