Проштална средба на претседателката Сиљановска-Давкова со казахстанскиот амбасадор Сатибалди Буршаков

14 септември 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков.

Во разговорот беше оценето дека односите меѓу двете земји во изминатиот период добија нова динамика, со активен политички дијалог и размена на посети на високо ниво. Претседателката се осврна на нејзината работна посета на Астана во мај 2025 година, учеството на Меѓународниот Астана форум и средбата со претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев.

Сиљановска-Давкова му се заблагодари на амбасадорот за ангажманот и придонесот во унапредувањето на македонско-казахстанските односи, потенцирајќи дека неговиот мандат ќе биде запаметен по исклучителната посветеност на амбасадорската дипломатска мисија и работа.

Претседателката изрази интерес за нови казахстански инвестиции во земјава и заеднички проекти.

Амбасадорот Буршаков детално ја информираше за политичките промени во Казахстан, по стапувањето во сила на новиот Устав, со којшто се укина дводомниот и се воведе еднодомен парламент, во чиј состав од 145 пратеници беше избран и амбасадорот Буршаков.

Сиљановска-Давкова му посака успешен парламентарен мандат и плодна меѓупарламентарна активност.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев. Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно...

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена...

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Раби Торбеј, извршен директор на Проект ХОУП (Project HOPE) и Сиен Авалос, претседателка на Фондацијата БД (Becton, Dickinson and Company Foundation). За Сиљановска –...

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на одбележувањето на 17 Октомври – Денот на Командата за операции, во касарната „Боро Менков“ во Куманово. Таа ја истакна клучната улога на Командата во одбраната...

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ја придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. [gallery...