Предавање на акредитивните писма од страна на Ситонг Читнхотинх, новоименуван амбасадор на Лаос за Северна Македонија

18 февруари 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари разговор преку видео-врска со Ситонг Читнхотинх, новоименуван амбасадор на Народна Демократска Република Лаос за Република Северна Македонија, со седиште во Виена, по повод предавањето на акредитивните писма кои, поради пандемијата на Ковид-19, ги достави по писмен пат.

Претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на промовирање на позитивна агенда за соработка меѓу двете држави, вклучително и во контекст на регулирање на договорната рамка, притоа реафирмирајќи го интересот за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес во кои постојат многу можности особено во економската сфера, фармацевтската индустрија и во областа на културата.

Двајцата соговорници изразија задоволство од меѓусебната соработка во мултилатерални организации, особено во рамките на ОН и Меѓународната организација на Франкофонијата. Во тој контекст разговараа и за претстојниот Самит на Франкофонијата, чија релевантност е засилена со пандемијата која ги зафати сите членки на ОИФ.

Упатувајќи честитки до амбасадорот Читнхотинх за назначувањето на функцијата, претседателот Пендаровски му посака добро здравје и успешно извршување на одговорната дипломатска должност.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...